Правна изјава

Без гаранции и одговорност

И покрај тоа што Roche максимално се труди дадените информации да бидат точни и навремени не даваме никакви гаранции, ниту преземаме одговорност во врска со комплетноста на информациите објавени на оваа интернет-страница и не преземаме одговорност во врска со користењето на оваа интернет-страница и сите страници поврзани со оваа интернет-страница. Roche може да ја промени оваа страница во кое било време без претходна најава, меѓутоа не презема одговорност во поглед на обновувањето на актуелната содржина, која е пласирана на неа. Сите корисници се согласни дека влегувањето и употребата на оваа интернет-страница и/или на друга интернет-страница поврзана со нашата е на нивна одговорност. Ниту Roche, ниту која било друга страна која учествувала во креирањето, подготовката и одржувањето на оваа интернет-страница и/или на друга интернет-страница поврзана со нашата, не може да бидат одговорни на кој било начин за евентуалната штета настаната поради користењето на овие страници или поради неможноста да се користат овие страници и/или на друга интернет-страница поврзана со нашата, како ни за какви било грешки и превиди во содржината на овие страници.

Без понуди и поттикнување

Информациите дадени на овие интернет-страници не содржат понуда или поттикнување во врска со какво било купување или тргување со акции на Roche. Инвеститорите не смеат да се потпираат на овие информации при донесувањето одлуки за инвестирање.

Информации за идни случувања

Овие страници може да содржат некои информации за идни случувања. Овие информации зависат од голем број значајни податоци кои треба да се потврдат, вклучително и научни, деловни, економски и финансиски фактори, така што конечниот резултат може значајно да се разликува од предвидениот.

Линкови

Линкови кон страници, кои припаѓаат на трети страни, се поставени на страницата само поради Ваша корист. Ние не даваме никакво мислење во врска со содржината на интернет-страницата на третата страна и не прифаќаме никаква одговорност во врска со користењето на истите.

Заштитен знак

Сите споменати заштитни знаци се во сопственост на членовите на Roche групата.

Заштита на авторските права

Интернет-страниците на Roche и информациите кои ги содржат, вклучувајќи ги и референците, се прикажани само заради информација. Секаква репродукција, ретрансмисија или друго користење е најстрого забрането. Барање за дозвола за репродукција на секоја информација од оваа интернет-страница треба да се упати до Roche Webmaster.