Лекови

Doing now what patients need next

Рош е најголемата биотехнолошка компанија во светот, со вистински диференцирани производи во областа на онкологијата, имунологијата, заразните болести, офталмологијата и болестите на централниот нервен систем. Исто така, Рош е светски лидер за ин-витро дијагностика, ткивна канцер-дијагностика и предводник во во справувањето со дијабетесот.

Целта на персонализираната стратегија за здравствена заштита на Рош е да се обезбедат лекови и дијагностика што овозможуваат видлив напредок во квалитетот на живот, безбедноста и преживувањето на пациентите. Дваесет и девет лекови развиени од Рош се вклучени во модел-листите со основни (есенцијални) лекови на Светската здравствена организација, меѓу кои и антибиотици за спасување на животот, антималарици и лекови против рак.

Следните информации се наменети само за медицинската јавност, односно на оние корисници на интернет кои се едуцирани здравствени работници. За пристап до овие информации Ве молиме потврдете дека сте здравствен работник. Доколку не сте здравствен работник, Ве молиме разговарајте со Вашиот доктор/фармацевт/медицинска сестра за прашањата кои ги имате во врска со Вашето здравје, лекови, медицински услуги или други здравствени прашања.

Подолу може да најдете информациите за регистрираните лекови на Рош во Р. Македонија. 

Информации за лековите наменети за стручната јавност