Терапевтски подрачја

Нашата цел е да им помогнеме на пациентите

Tx podracja

Туморите се сеуште втора причина за смрт во индустријализираните земји и нивниот број се зголемува од ден на ден.

Нашите научници се лидери во пронаоѓање на нови молекули и туморски антигени кои можат да бидат корисни во борбата со многу различни форми на карциноми. 

Повеќе 

 

 

 

Вирусните и бактериските инфекции се едни од водечките причини за инвалидност и смрт. 

Истражувањата во Roche се во насока на пронаоѓање на ефикасни лекови за третман на живото-загрозувачки инфективни заболувања.

Повеќе



Стотици болести го зафаќаат мозокот и влијаат на неговите врски со телото. Користејќи ги најновите научни достигнувања, ние сме посветени да разбереме како болестите влијаат на нервниот систем, развивајќи нови начини на дијагностика и нивно лекување.

Невронауката е еден голем предизвик за општеството, затоа што мозокот сам по себе не е целосно истражен а пак од друга страна цените за третман се запрепастувачки. 

Повеќе

 

Анемијата е хронична состојба која влијае врз квалитетот на живот на луѓето кои се болни од други заболувања, како хронична бубрежна болест или карцином. 

Ние во Roche истражуваме, развиваме и обезбедуваме иновативни лекови за третман на анемија предизвикана од хронична бубрежна болест или карцином. Нашата цел е да им помогнеме на пациентите да ја повратат својата енергија и да продолжат да уживаат во животот.

Повеќе


Ревматоидниот артритис е хронична и еволутивна инфламаторна болест со системски манифестации и прогресивна зглобна деструкција.

Roche континуирано го зголемуваме нашето знаење во областа на имунологијата со што ќе продолжиме да откриваме и развиваме иновативни лекови за пациентите со хронични заболувања, како што се ревматоиден артритис, астма и други.

Повеќе 

 

Остеопорозата е "тивка" болест на скелетот кај кое постои намалување на густината и квалитетот на коските. Како што коските стануваат порозни и кршливи, така и ризикот од скршеници значително се зголемува.

Roche досега има богата историја на медицински иновации во ова подрачје и ќе продолжи и во иднина со фокус на персонализирана медицина. 

Повеќе