Рош во невронауката

rd-neuro-stage-hero

Стотици болести го зафаќаат мозокот и влијаат на неговите врски со телото. Користејќи ги најновите научни достигнувања, ние сме посветени да разбереме како болестите влијаат на нервниот систем, развивајќи нови начини на дијагностика и нивно лекување.

Невронауката е еден голем предизвик за општеството, затоа што мозокот сам по себе не е целосно истражен, а пак од друга страна трошоците за третман на болестите кои го зафаќаат мозокот се многу високи. Болестите на нервниот систем го нарушуваат животот не само на пациентите туку и на нивните најблиски.

Сепак, постои причина за надеж.

Секој ден, со подобро разбирање на генетиката, напредокот во „имиџинг“ технологиите и податоците од клиничките студии се овозможи еден нов увид за научниците во тоа како мозокот и неговите врски фукционираат - и што се случува кога тие не функционираат правилно.

Ниту една компанија или институција не може да го направи тоа сама поради тоа ние соработуваме со широк спектар на партнери од најразлични профили.

Имаме страст и знаење, да пронајдеме лекови за третман на болестите на нервниот систем и да им помогнеме на лицата да го живеат својот живот во целост.

Невронауката во Рош е фокусирана на три области.

Одделот за невронаука се занимава со истражување на области кои имаат високи незадоволени медицински потреби и притоа се фокусира на следниве области:

  • психијатриски нарушувања
  • невродегенеративни заболувања
  • невроразвојни заболувања

Се проценува дека околу 700 милиони лица со ментални и невролошки нарушувања се откриваат секоја година ширум светот.

На глобално ниво:

  • 2,3 милиони лица живеат со мултиплa склероза
  • 7-10 милиони лица имаат Паркинсонова болест
  • 24 милиони лица живеат со шизофренија
  • 46 милиони лица живеат со деменција
  • 350 милиони лица страдале од најмалку една епизода на депресија