Мултипла склероза

Roche_DiseaseProgressionInMS_Stagevisual

Мултипла склероза (МС) е хронична, прогресивна, имунолошки посредувана, инфламаторна и дегенеративна болест на ЦНС.Настанува кога имуниот систем ја напаѓа обвивката на нервните клетки (миелин) во мозокот, рбетниот мозок и оптичките нерви, предивикувајќи инфламација и последователна дегенерација, кое води до прекин на невротрансмисијата. 

Се смета за хомогена болест, но нејзиниот тек и симптоми варираат, вклучувајќи мускулна слабост, замор, потешкотии со видот, и со тек на време води до траен инвалидитет.2-4 Кај повеќето лица со МС првите симптоми се јавуваат помеѓу 20 и 40 годишна возраст5,6 правејќи ја оваа болест водечка причина за нетрауматски инвалидитет кај млади возрасни лица.Физичкиот, емоционалниот и економскиот товар кој го трпат лицата со МС има значајно влијание врз нивниот квалитет на живот.8,9

Во светот, повеќе од 2,3 милиони лица живеат со МС10. Во Македонија се регистрирани над 1200 пациенти и секоја година се дијагностицираат околу 60-80 нови случаи.11

Симптоми на МС

Кај пациентите со мултипла склероза присутни се повеќе различни симптоми кои можат да влијаат на скоро секој дел од телото.

Типови на мултипла склероза

Врз основа на клиничките критериуми, фреквенцијата на релапсите, времето за кое следи прогресија на болеста и мозочните лезии, постојат неколку основни типа на мултипла склероза.

  • Релапсна-ремитентна мултипла склероза (РРМС) која е најчеста форма на болеста и се карактеризира со епизоди на нови или влошувачки знаци или симптоми (релапси) следени со периоди на опоравување.12,13 Околу 85% од лицата со МС се иницијално дијагностицирани со релапсна-ремитентна МС.14 Најголемиот дел од лицата дијагностицирани со РРМС ќе преминат кон секундарно прогресивна МС14 (СПМС), кај која пациентите имаат постојано влошување на инвалидноста со тек на времето. 
  • Примарна прогресивна мултипла склероза (ППМС) се среќава кај околу 15% од лицата со МС14 и се карактеризира со линеарен прогресивен тек уште од почетокот на болеста, типично без појава на релапси или периоди на ремисија15.

Невролошкото оштетување при МС е континуиран процес

Лицата со сите форми на МС имаат активна болест – воспаление на нервниот систем и перманентна загуба на нервни клетки во мозокот – дури и кога клиничките симптоми не се очигледни или не се влошуваат.16

Важна третманска цел кај овие пациенти е да се намали активноста на болеста колку е можно порано со цел да се забави прогресијата на инвалидноста.17 Засега не постои лек за МС, оние кои се употребуваат имаат за цел да ја модифицираат болеста со цел превенција на релапси18, превенција на акумулација на инвалидноста18, намалување на симптоми19 и оптимизација на квалитетот на живот19.

И покрај евидентниот напредок во откривање на лекови за МС сеуште постојат незадоволени медицински потреби:

  • високо ефикасни лекови кои ќе влијаат на болеста и превенција на прогресијата/инвалидноста20,21,22
  • безбедни и високо ефикасни лекови кои би го подобриле бенефит-ризик балансот23 и
  • покомфорен начин на третман со цел подобрување на комплијансата и останувањето на третман20.

Референци:

  1. National Multiple Sclerosis Society, достапно на: http://www.nationalmssociety.org/about-multiple-sclerosis/do-i-have-ms/index.aspx.
  2. Ziemssen T. J Neurol 2005, 252(Suppl 5), v38-v45.
  3. Hauser S.L. et al. (2012). Multiple sclerosis and other demyelinating diseases. In Harrison’s Principles of Internal Medicine (pp.3395-3409). New York, NY: McGraw Hill Medical.
  4. Hadjimichael O. et al. Pain 2007, 127(1-2):35-41.
  5. WHO. http://who.int/mental_health/neurology/Atlas_MS_WEB.pdf. Пристапено: септември 2015.
  6. Cardoso E, et al. Arq Neuropsiquiatr 2006;64(3-B):727–30.
  7. Conway D, Cohen JA. Lancet Neurol 2010;9(3):299–300.
  8. Aronson KJ. Neurology 1997;48(1):74–80.
  9. Kobelt G, et al. J Neurol Neurosurg Psychiatry 2006;77(8):918–26.
  10. Murray TJ. BMJ 2006, 322 (7540):525-527.
  11. Извор: Универзитетска клиника за неврологија Скопје, октомври 2017 година.
  12. Lublin F.D., Reingold S.C. Neurology 1996, 46(4):907–11.
  13. Lublin F.D. et al. Neurology 2014, 83(3):278-86.
  14. National Multiple Sclerosis Society. Types of MS. достапно на:   http://www.nationalmssociety.org/What-is-MS/Types-of-MS.
  15. Multiple Sclerosis International Federation. Types of MS. достапно на: https://www.msif.org/about-ms/types-of-ms/.
  16. Erbayat A, et al. JAMA Neurol 2013, 70(3):338-44.
  17. MS Brain Health. Time Matters in Multiple Sclerosis. достапно на: http://msbrainhealth.org/perch/resources/time-matters-in-ms-report-may16.pdf.
  18. Fox EJ, Rhoades RW. Curr Opin Neurol 2012;25(suppl 1):S11‒9.
  19. Giovannoni G, Rhoades RW. Curr Opin Neurol 2012;25(suppl 1):S20‒7.
  20. Miller AE et al. Opin Neurol 2012;25 (suppl 1):S4–10.
  21. Polman CH, et al. N Engl J Med 2006;354(9):899–910.
  22. Sorensen PS. J Neurol Sci 2007;259(1-2):128–32.
  23. Hartung HP, et al. Expert Rev Neurother 2011;11(3):351–62.