Анемија

Анемијата се дефинира како апсолутно намалување на бројот на еритроцитите (црвени крвни зрнца), односно на концентрацијата на хемоглобинот или на вредностите на хематокритот. Поцелисходна дефиниција е кога како основно мерило се зема хемоглобинската концентрација во крвта која е пониска од општо прифатените нормални вредности. Таа се разликува, пред се, според полот и возраста. Важно е да се истакне дека намалената концентрација на хемоглобинот ја намалува способноста на крвта во одредено време да го транспортира потребното количество кислород од белите дробови во периферната крв со што во ткивата доаѓа намалено количество кислород.


Анемија поврзана со хронична бубрежна болест