Анемија поврзана со ХББ (ренална анемија)

Бубрезите се орган чија основна функција е формирање на урината и ослободување на организмот од вишокот течности и деградациони продукти. Бубрезите учествуваат и во регулацијата на крвниот притисок, формирањето на црвените крвни зрнца, како и активација на витаминот Д.

Хроничната бубрежна болест (ХББ) се карактеризира со постепена и перманентна загуба на бубрежната функција. Прогресијата на ХББ оди од стадиум 1 до стадиум 5. Во петтиот стадиум веќе е потребна бубрежна заместителна терапија за што опциите се дијализа (перитонеална или хемодијализа) или трансплантација на бубрег.

Хроничната бубрежна болест е последица од повеќе заболувања, но најчесто е резултат на дијабетес (35,4%)1,2 хипертензија (30,3%)1 и хроничен гломерулонефритис (14,2%)1 како последица на оштетување на нефроните кои ја губат функцијата за филтрација на течностите.

Во светот, од дијабетес се заболени околу 347 милиони луѓе3, а од хипертензија4 близу една милијарда. Преваленцата на овие две болести се очекува сигнификантно да се зголеми во наредните 20 години, што значи дека бројот на пациентите од ризичните групи за ХББ е во постојан пораст.  

Една од најчестите компликации на ХББ е анемијата.5-7 Таа кај пациентите предизвикува слабост, несвестица, влијае на когнитивните способности и, сè на сè, на квалитетот на живот на пациентите. Една од најзначајните последици на анемијата е развој и прогресија на кардиоваскуларните заболувања, како и зголемени хоспитализации и морталитет кај овие болни.8,9

ХББ е глобален здравствен проблем кој постојано се продлабочува.

Во Македонија 13,99% од популацијата имаат некој степен на ХББ, но повеќето од нив не се свесни за постоењето на болеста.2 Порастот на популацијата со ова заболување е резултат на зголемување на бројот на пациентите со хипертензија, дијабетес тип 2 и како резултат на стареење на популацијата.

Референци:

  1. Fishbane S, Berns JS. Haemoglobin cycling in hemodialysis patients treated with recombinant human erythropoietin. Kidney Int. 2005;68:1337–43.
  2. Prevalence of Chronic Kidney Disease in the Republic of Macedonia: The SKROBB Study Olivera Stojceva Taneva,1 Natasa Eftimovska,1 Beti Zafirova,2 Gjulsen Selim,1 Biljana Gerasimovska Tanevska,Katica Zafirovska.1 1University Clinic of Nephrology Skopje, Macedonia,2 Institute for Epidemiology and Biostatistics,Skopje, Macedonia.
  3. World Health Organization. Diabetes, Fact sheet N°312 October 2013.  http://www.who.int/mediacentre/factsheets/fs312/en. пристапено 16.09.2014 год.
  4. Chockalingam A, Campbell NR, Fodor JG. Worldwide epidemic of hypertension. Can J Cardiol.2006;22:553-555.
  5. Astor BC, Muntner P, Levin A, Eustace JA, Coresh J. Association of kidney function with anemia: the Third National Health and Nutrition Examination Survey (1988-1994). Arch Intern Med. 2002;162:1401–1408.
  6. McClellan W, Aronoff SL, Bolton WK, Hood S, Lorber DL, Tang KL, Tse TF, Wasserman B, Leiserowitz M.The prevalence of anemia in patients with chronic kidney disease. Curr Med Res Opin. 2004;20:1501–1510.
  7. Hsu C-Y, McCulloch CE, Curhan GC. Epidemiology of anemia associated with chronic renal insufficiency among adults in the United States: results from the Third National Health and Nutrition Examination Survey.J Am Soc Nephrol. 2002;13:504–510.
  8. Foley RN, Parfrey PS, Harnett JD, Kent GM, Murray DC, Barre PE. The impact of anemia on cardiomyopathy, morbidity, and and mortality in end-stage renal disease. Am J Kidney Dis. 1996;28:53–61.
  9.  Locatelli F, Pozzoni P, Tentori F, del Vecchio L. Epidemiology of cardiovascular risk in patients with chronic kidney disease. Nephrol Dial Transplant. 2003;18(Suppl 7):vii2-vii9.