Онкологија

Онкологија

Онкологијата е гранка на медицината која се занимава со ракот.1 Зборот потекнува од грчкиот збор онкос (ογκο) што значи маса, тумор и суфиксот -логија (-λογία) што значи „наука за“.1

Рак (латински cancer) e генерално име за група од преку 250 различни болести чија заедничка особина е неконтролирана делба на малигно променети клетки. Неговиот развој вклучува мноштво од промени што ја прави борбата со ракот тешка.2,3

Според GLOBOCAN, во 2012 година глобално се дијагностицирани околу 14,1 милиони нови случаи на рак.3 Секоја година од рак заболуваат околу 8 милиони луѓе.3 Според предвидувањата, се очекува бројот на заболените од рак до 2030 година да порасне на 22 милиони.3 Годишно од рак во светот умираат 8.2 милиони луѓе.3 Тој е втора водечка причина за смрт после кардиоваскуларните заболувања во индустријализираниот свет  и неговата инциденца се зголемува. Сепак повеќе од 30% од смртните случаи предизвикани од ракот можат да се превенираат главно со откажување од пушење, алкохол, здрава исхрана, физичка активност и со превенција од инфективни заболувања.4 Како резултат на се пораното откривање на ракот и новите успешни тераписки можности многу од заболените по завршеното лекување живеат исполнет и квалитетен живот.5

Референци:

  1. Wikipedia, The Free Encyclopedia, http://en.wikipedia.org/wiki/Oncology, пристапено на 17.09.2014 год.
  2. American Cancer Society, http://www.cancer.org/Cancer/CancerBasics/what-is-cancer, пристапено на 17.09.2014 год.
  3. Globocan 2012, IARC, http://globocan.iarc.fr/Pages/fact_sheets_cancer.aspx, пристапено на 17.09.2014 год.
  4. Wikipedia, The Free Encyclopedia, http://en.wikipedia.org/wiki/Cancer, пристапено на 17.09.2014 год.
  5. World Health Organization, http://www.who.int/mediacentre/factsheets/fs297/en/, пристапено на 17.09.2014 год.