Остеопороза

Osteoporosis

Остеопорозата, која во буквална смисла значи „порозни коски”, е заболување кај кое постои намалување на густината и квалитетот на коската.1 Како што коската станува порозна и кршлива, така и ризикот од скршеници значително се зголемува. Загубата на коската настанува „тивко” и прогресивно. Често е без симптоми, се до појава на првата скршеница.

Референци:

  1. International Osteoporosis Foundation. http://www.iofbonehealth.org/, пристапено 01.10.2014 год.