Ревматоиден артритис

RA 1

Ревматоидниот артритис (РА) е хронична и еволутивна инфламаторна болест со системски манифестации и прогресивна зглобна деструкција. Оставен без лекување, пациентот со ревматоиден артритис е соочен со инвалидитет, намалување на квалитетот на живот, инвалидност и скратување на очекуваниот животен век од три до седумнаесет години. Тоа е хронична болест која трае до крајот на животот и бара доживотен третман.1

Референци:

  1. Перчинкова М С, Чаловски Ј, Грличков М, Марина Н, Божиновски Г, Николовска Котевска М, Прирачник за лекување на ревматоидниот артритис, Универзитетска клиника за ревматологија, Скопје 2010: 5.