Хепатитис

Хепатитисот е воспаление на црниот дроб предизвикано од вирус или од токсин. Вирусните хепатити предизвикуваат воспаление и оштетување на црниот дроб и во некои случаи може да доведат до цироза, хепатоцелуларен карцином и смрт заради терминална црнодробна болест.

Откриени се повеќе вируси кои припаѓаат на различни фамилии, а можат да предизвикаат хепатитис кај човекот.