Хепатитис Б

Хепатитис Б е воспаление на црниот дроб предизвикано од вирусот на хепатитис Б (ХБВ). ХБВ инфекцијата предизвикува акутно заболување кое може да заврши со излекување на пациентот или да премине во хронично заболување кое прогредира кон сериозни оштетувања на црниот дроб (цироза, карцином на црн дроб).

ХБВ инфекцијата претставува глобален јавноздравствен проблем. Според СЗО (Светска здравствена организација) се проценува дека околу 2 милијарди (2.000.000.000) лица се инфицирани со вирусот на хепатитис Б во светот.1

  • над 350 милиони се хронични носители на инфекцијата, најголемиот број воопшто и не знаејќи дека можат да ја пренесат болеста или да развијат тешки оштетувања на црниот дроб;1
  • над 1 милион луѓе умираат секоја година заради акутни и хронични последици од ХБВ, а уште поголем број развиваат сериозни компликации како цироза, црнодробна декомпензација и хепатоцелуларен карцином;1
  • над 50 % од случаите на хепатоцелуларниот карцином се должи токму на присуството на ХБВ инфекцијата.2
map_hbv_prevalence mkd

ХБВ инфекцијата е широко распространета во Блискиот исток и во делови од Индискиот подконтинент каде што 2-5 % од популација се хронично заразени. Високи стапки на хроничен Б хепатитис исто така се забележани во јужните делови на Источна и Централна Eвропа.3 Во Европа и Северна Америка хронично заразени се помалку од 1 % од популацијата.3

Референци:

  1. World Health Organization. Hepatitis B vaccines. Weekly Epidemiological Record. 2009; 40:405-420
  2. WHO 1998; Lai et al Lancet 2003.
  3. WHO. Hepatitis B fact sheet 204. July 2014. www.who.int/mediacentre/factsheets/fs204/en/. пристапено на 01.10.2014 год.