Хепатитис Ц

Хепатитис Ц е воспаление на црниот дроб предизвикано од вирусот на хепатитис Ц (ХЦВ). Главна карактеристика на заболувањето е дека кај околу 75-85% од инфицираните случаи преминува во хроничен облик со опасност за развој на цироза и хепатоцелуларен карцином.1,2 Оваа болест е голем јавноздравствен проблем во целиот свет. Вирусната пандемија е скоро петпати повеќе раширена од инфекцијата со ХИВ.

Според Светската здравствена организација (СЗО):

  • секоја година се заразуваат нови 3-4 милиони луѓе;  
  • 130-150 милиони луѓе се инфицирани со вирусот на хепатитис Ц, што е околу 3% од светската популација;3
  • 350-500 илјади луѓе умираат секоја година од заболувања предизвикани од вирусот на хепатитис Ц.3
Во Р. Македонија се проценува дека 1,5% од популацијата се заразени, или околу 30.000 ХЦВ позитивни луѓе.
HCV

хепатитис Ц вирус 

Предизвикувач на болеста е вирусот на хепатитис Ц, кој припаѓа на фамилијата Flaviviridae и е РНК вирус. Откриени се 6 генотипи на вирусот со различна географска дистрибуција и повеќе од 50 подгенотипи.








ГЕНОТИП 1 - најзастапен во Европа и Северна Америка (70% од заразените);

ГЕНОТИП 2 и 3 – 30% од сите заразени во Европа и Северна Америка;

ГЕНОТИП 4 – најчесто се јавува во Африка и на Блискиот Исток (околу 90% од заразените во овие подрачја);

ГЕНОТИП 5 и 6 – се јавуваат во Југоисточна Азиjа и Јужна Африка.

map_hcv_prevalence_with_genotypes_and_subtypes mkd

Генотипот влијае на времетраењето и успехот на терапијата. Кај генотипите 2 и 3 терапијата трае пократко и изгледите за излекување се поголеми.

Во Р. Македонија најчести се генотиповите 1, 2 и 3.

Референци

  1. CDC. MMWR. 1998;47 (RR-19): 1-39.
  2. Alter HF, SeeFF LB. SeminLiverDis. 2000;20:17-35.
  3. WHO, World Health Organization Fact Sheet No 164, April 2014.   http://www.who.int/mediacentre/factsheets/fs164/en/. пристапено на 03.10.2014 год.