Грип

Инфлуенцата (сезонски грип) е високо заразно вирусно заболување кое најчесто се јавува во есенските и зимските месеци (од октомври до април на северната хемисфера). Симптомите се појавуваат бурно и го зафаќаат целиот организам. Типично се зафатени горните и долните респираторни патишта (носот, синусите, грлото, белите дробови и средното уво).

Инфлуенцата е предизвикана од вирусот на инфлуенца (сезонски грип). Постојат неколку типови на инфлуенца вируси А, Б, Ц.

Influenzabr.2

Вирусите се пренесуваат преку капки (преку кивање и кашлање), меѓутоа исто така и преку зборување и со директен контакт. По инфекцијата, го напаѓаат површинскиот слој на мукозната мембрана на носот па се до бронхиите. Како резултат на тоа може да дојде до појава на секундарни инфекции, пред се со Haemophilus influenzae, стафилококи и стрептококи.




Одредени групи на пациенти се изложени на поголем ризик:

· Постари лица (на возраст од 65 години и повеќе),

· Лица со компромитиран имун систем (на пр. лица заразени со ХИВ),

· Мали деца,

· Пациенти кои имаат некое хронично заболување, (на пр. хронична респираторна, срцева или бубрежна болест).

За сериозноста на инфлуенцата и нејзиното влијание врз целокупното здравство во една држава, зборува и фактот што за време на епидемија со грип посетите на пациентите кај матичните лекари се зголемуваат за 140 до 150 пати, што секако претставува зголемување на трошоците за здравствениот систем.1

Компликациите на грипот, како што се синузитис, бронхитис, воспаление на белите дробови доведуваат до зголемување на вкупните трошоци за лекување. Податоците од едно големо болничко истражување спроведено во САД, покажаа дека бројот на хоспитализации е зголемен за 100 до 170% во тек на епидемија на грип.2


Референци:

  1. Nicholson KG, Webster RG, Hay AJ, eds. Textbook of Influenza. Oxford: Blackwell Science Ltd, 1998: 181–206.
  2. Nguyen-Van-Tam JS. Epidemiology of influenza. In: Textbook of Influenza (Nicholson KG, Webster RG, Hay AJ, eds.). Oxford: Blackwell Science Ltd, 1998: 181–206.