Цитомегаловирус (CMV)

Цитомегаловирус  е вирус кој припаѓа на фамилијата херпес вируси.1 Се проценува дека околу 50-80% од сите возрасни лица некогаш во текот на својот живот биле во контакт со цитомегаловирусот.2,3 Како и сите други типови на херпес вируси, доколку лице дојде во контакт со CMV и се зарази, истиот останува неактивен во телото до крајот на животот. CMV може да се пренесе од лице на лице преку близок контакт, но најголемиот број на лица нема да почувствуваат никакви симптоми.4

Меѓутоа, CMV може да предизвика сериозни проблеми кај лица со ослабен имунолошки систем (на пример, лица со трансплантирани солидни органи, лица со СИДА и кај фетуси).5,6

CMV инфекција кај лица со трансплантирани органи

Лицата со трансплантирани солидни органи (бубрег, црн дроб, срце ...) се со ризик да заболат од CMV бидејќи треба да примаат лекови кои го супримираат нивниот имунолошки систем.4 CMV е најсериозната инфекција која може да ја искомплицира здравствената состојба на лицата со трансплантирани органи7,8,9 и најчесто првите симптоми се јавуваат во текот на првите неколку месеци после трансплантација.9 Со CMV се заразуваат повеќе од 75% од сите лица со трансплантирани солидни органи.10 Ова е главна причина за висок морбидитет и морталитет во првите шест месеци после трансплантација.11,12

Лицата со трансплантирани органи можат да се заразат со CMV на повеќе начини:

1. Стекната или примарна инфекција (D+/R-)

Лице со трансплантиран орган, со висок ризик за развивање на инфекција, е CMV серонегативен (R-) и добие орган од CMV серопозитивен донор (D+).9 Овој пациент доаѓа во контакт со CMV за прв пат после добивање на орган од донор кој е инфициран со CMV.9

2. Реактивација на инфекцијата (D-/R+)

Претходно неактивен CMV може да се реактивира кај трансплантирано лице со ослабен имунолошки систем,4,9 иако добива орган од CMV серонегативен донор (D-).

3. Суперинфекција (D+/R+)

Ако CMV серопозитивен пациент (R+) добие орган од CMV серопозитивен донор (D+) е со ризик да развие суперинфекција, особено ако прима интензивна имуносупресивна терапија.9

CMV инфекција кај лица со трансплантирани солидни органи – кои се последиците?

CMV инфекцијата може да доведе до директни или индиректни компликации кај пациенти со трансплантирани органи и ако инфекцијата остане нетретирана може да резултира со морталитет поголем од 90%.9 Директни ефекти се CMV болест, која е потврдена со високи вредности на CMV виремија (вирусот се распространил низ крвотокот). Исто така може да дојде до појава на:14

· CMV синдром – се карактеризира со flu-like или mononucleosis-like (зголемени лимфни јазли)15 симптоми ;

· ткивна инвазивна болест – предизвикува компликации на различни органи, вклучително срце, црн дроб, бубрези и гастроинтестинален тракт.

Индиректните компликации не се поврзани со високи нивоа на CMV виремија, но се должат на влијанието на вирусот врз имуниот одговор. Ова вклучува:14

· акутно и/или хронично оштетување или отфрлање;

· зголемена склоност кон бактериски, габични или други опортунистички инфекции;

· скратен живот на трансплантираниот орган и преживување на пациентот.

Стратегии за третман

Не постои лек за CMV,4 меѓутоа кај трансплантираните пациенти општо прифатени се три стратегии во превенција на CMV болест:16   

1. Профилакса

· “Универзална профилакса” – давање на anti-CMV лекови за сите пациенти, без оглед на ризикот за добивање на CMV болест

· “Селективна профилакса” – давање на anti-CMV лекови само за оние пациенти со висок ризик

2. Преемптивен третман – давање на anti-CMV лекови по детекција на CMV виремија

3. Одложен третман – давање на anti-CMV лекови кај симптоматска CMV болест17   

Можно е CMV инфекцијата да се развие и после третманот. Многу студии покажале дека кај повеќе од 30 % од трансплантираните пациенти се јавува доцна CMV болест после прекин на профилаксата во траење од 100 дена.18,19,20

Референци:

  1. Centers for Disease Control and Prevention. Frequently Asked Questions About CMV. http://www.cdc.gov/cmv/faqs.htm, пристапено на 14 May 2010 год.
  2. Centers for Disease Control and Prevention. About CMV. http://www.cdc.gov/cmv/facts.htm, пристапено на 14 May 2010 год.
  3. Patient UK. Cytomegalovirus (CMV). http://www.patient.co.uk/showdoc/40000377/, пристапено на 14 May 2010 год.
  4. NHS UK. Cytomegalovirus. http://www.nhs.uk/Conditions/Cytomegalovirus/Pages/Introduction.aspx?url=Pages/what-is-it.aspx, пристапено на 14 May 2010 год.
  5. Griffiths PD et al. Cytomegalovirus. In: Richman DD, Whistley RJ, Hayden FG, eds. Clinical Virology. New York, NY: Churchill Livingstone; 1997:445-470
  6. Health Protection Agency North West. Cytomegalovirus Information Leaflet. http://www.hpa.org.uk/web/HPAwebFile/HPAweb_C/1194947317758, пристапено на 14 May 2010 год.
  7. Leroy F, Sechet A, Abou Ayache R et al. Cytomegalovirus Prophylaxis With Intravenous Polyvalent Immunoglobin in High-Risk Renal Transplant Recipients. Trans Proceedings 2006;38:2324-2326.
  8. Van Son WJ, de Maar EF, van der Bij W et al. Overcoming the Problem of Cytomegalovirus Infection after Organ Transplantation: Calling for Heracles? Intervirology1999;42:285-290.
  9. Stitt NL. Infection in the Transplant Recipient. Organ Transplant (Medscape Online) 2003. http://www.medscape.com/viewarticle/451788, пристапено на 1 March 2010 год.
  10. Fisher RA. Cytomegalovirus infection and disease in the new era of immunosuppression following solid organ transplantation. Transpl Infect Dis2009:11(3):195-202.
  11. Hodson EM, Craig JC, Strippoli GFM, Webster AC. Antiviral medications for preventing cytomegalovirus disease in solid organ transplant recipients. Cochrane Database of Systematic Reviews 2008, Issue 2. Art. No.: CD003774. DOI: 10.1002/14651858.CD003774.pub3.