За нас 

RocheBasel0002144

“Рош“ е основана во 1896 година, со седиштето во Базел, Швајцарија. Денес е најголемата биотехнолошка компанија во светот, со навистина разновидни лекови за онкологија, имунологија, заразни болести, офталмологија и болести на централниот нервен систем и продолжува со потрагата по подобар начин да се спречат, дијагностицираат и лекуваат болести и за одржлив придонес на општеството. „Рош“ исто така е светски лидер во ин витро дијагностиката и дијагностиката на рак базирана на ткиво, и предводник во справувањето со дијабетесот. 

Комбинацијата од фармацевтски производи и дијагностика под еден покрив го направија „Рош“ лидер во персонализираната медицина – стратегија чија цел е да се одбере вистинскиот третман за секој пациент на најдобар можен начин. 

„Рош групацијата“ е активна во повеќе од 100 земји и во 2015 година во „Рош“ работеа повеќе од 91.700 лица во светот. Во 2015, „Рош“ инвестираше 9,3 милијарди швајцарски франци во истражување и развој и оствари продажба од 48,1 милијарда швајцарски франци. „Genentech“ во САД е членка на „Рош групацијата“. „Рош“ е сопственик на мнозинскиот дел од акциите во „Chugai Pharmaceutical“ од Јапонија. 

За повеќе информации:  www.roche.com