Традиционално чекор пред времето

1.1_n1_AdelaFritz

Во 2006 година Roche ја одбележа 110-годишнината од своето основање. На 1 октомври 1896 год., Fritz Hoffmann-La Roche, основач и прв директор на Hoffmann-La Roche, заедно со неговата сопруга Adele, започнал со остварувањето на својата претприемачка визија да се задоволи растечката глобална потреба за квалитетни лекови. Тој ја основал компанијата F.Hoffmann - La Roche & Co, која започнала со производство на лекови. Од овие почетоци во 1896 година, визијата на основачите, во текот на стогодишната историја на постоењето, се развила во меѓународна фармацевтска компанија која е рангирана меѓу 10-те најголеми иновативни компании, првенствено насочени кон креирање на современи, иновативни лекови и дијагностички решенија за разни болести.

И покрај пречките на кои наидувал и опасноста од несолвентност, тој цврсто се придржувал до неговата визија. Тој го проширил бизнисот уште на самиот почеток и имал цел да ги освои и интернационалните пазари. Седиштето на Roche, од нејзиното основање, е во градот Базел, на границата помеѓу Швајцарија, Франција и Германија. Компанијата, од основањето, со брза експанзија се зголемила многукратно, прво во соседна Германија во почетокот на 20 век, а потоа компанијата основала свои филијали во големите градови и метрополи како Милано, Париз, Њујорк, Барселона, Санкт Петербург и Лондон.

RocheBasel0002144

Како компанија која секогаш била отворена кон новите технологии и пристап во работата Roche ги поставувал насоките кон кои се движел развојот на медицината уште од самиот почеток.

Отпочнувањето на индустриската синтеза на витаминот Ц и откривањето на бензодијазепините, група лекови на која и припаѓа Lexilium® се само 2 примера.

Нашите извршни менаџери демонстрираа голема претприемачка храброст и далекусежност на нивните погледи за насоките во кои ќе се развива модерната медицина, кога одлучија да инвестираат во биотехнологијата во време кога беше далеку од прифатен пристап во медицината и не постоеше сигурност дека ќе даде резултати. Меѓутоа, резултатите покажаа дека тоа била правилна одлука.

Инвестирањето во независните истражувачки институти во Базел (Швајцарија) и Натли (САД) не само што им помогна на некои од најистакнатите научници во областа на биомедицината да освојат Нобелова награда, туку и ги постави темелите за откривање на сосема нови класи на лекови за разни видови карциноми. Во 1980 год. беше произведен Roferon-A®, првиот лек за карциноми добиен со биотехнолошки методи.

Во последниве години развојот на моноклоналните антитела од страна на Roche им овозможува на многу пациенти значајно подобрување во третманот на разни видови карциноми.