60-тите години на минатиот век

LibriumValiummolekuli

Во 60-тите Roche станува водечка фармацевтска компанија со откривање на револуционерната терапија за болестите на централниот нервен систем преку синтезата на бензодиазепините.

Откривањето на Librium® и Valium® од страна на научниците на Roche Лео Стернбах, Лоуел Рандал и Ерл Ридер претставува огромен напредок во терапијата на неколку психијатриски болести. Резултатите од научните истражувања на Лео Стернбах се објавени во над 120 написи во врвни медицински списанија и резултирале со 240 нови патентирани молекули.