Развојот од доцните 90-ти до денес

Mab

Доцните 1990ти години Roche ги развива моноклоналните антитела со што предизвикува револуција во молекуларната биологија. Овие протеини во форма на буквата Y може да бидат така дизајнирани за да можат да се врзат за специфични молекули и на тој начин да ја блокираат нивната улога во предизвикување на одредена болест. Истражувањата спроведени во Институтот за имунологија во Базел, кој е под покровителство на Roche, од страна на добитниците на Нобеловата награда: Јерне, Келер и Тонегава помогнаа да се постави основата за развојот на тераписките антитела.

Во 2011 година со лансирањето на Zelboraf®, лекот за меланом со целно делување,научниците следејќи ја науката создадоа лек кој вистински ја отсликува стратегијата на Roche за развој на персонализирана медицина.

Јануари 2012 година Roche го претстави целниот онколошки лек Erivedge®, прв од новата класа на лекови наречени инхибитори на Hedgehog сигналниот пат.

Erivedge