Научниците на Roche

Во 2011 година научниците на Roche објавија повеќе од 1000 написи во реномирани медицински часописи како што се Science, Nature, Nature Medicine and Cell

Roche има повеќе публикации, со повеќе цитати по напис во споредба со MIT, Harward, Stenford и други водечки академски институции во полето на молекуларната биологија и генетика.

NaucnikDNAweb

Roche постојано е рангиран меѓу најдобрите работодавачи во биофармацевтската индустрија според годишната анкета на Science Magazine

Нашите научници за својот извонреден придонес за научните истражувања и медицината имаат освоено интернационални награди и признанија.

Како признание за придонесот во подобрувањето и унапредувањето на здравјето на пациентите, Roche од 1974 година до денес, 39 пати ја има добиено меѓународната награда  Prix Galien (пандан на Нобелова награда), востановена во 1970 година во Франција со која се оддава признание за извонредни достигнувања во фармацевтската иновација. За истражувањата спроведени за откривање на нови лекови, 4 научници од Рош ја добија Нобеловата награда за медицина во 1984 година (Susumu Tonegawa) и во 1987 година (Niels Kaj Jerne, Georges Köhler и César Milstein). Нивниот труд овозможи создавање на нова група лекови - моноклонални антитела.

Овие врвни достигнувања во науката, насочени за подобрување и унапредување на здравјето на пациентите, се должат на посветената работа на повеќе 20% од вкупниот број вработени во Roche. Во 2014 година Roche имаше 17.566 вработени во Одделот за истражување и развој.

Она што го издвојува Roche се исклучителните научници; двигатели на врвните достигнувања во науката.