Посветеност на научниот развој

Посветеноста на Roche на научниот развој и инвентивност беше и останува основа за растот и успехот на компанијата уште од основањето пред 118 години. Разбирањето на механизмите на болеста е најбитно за нашиот пристап и за нашата долгорочна посветеност за постигнување на врвни научни достигнувања во корист на пациентите.

naucnicisoerlenmaerweb

Научниците на Roche во континуитет развиваат врвни технологии во фармацијата кои служат за откривање на  нови современи лекови.

Темелните познавања на молекуларната биологија му овозможија на Roche континуиран развој. Индустријата напредуваше многу бргу и во денешно време се познати стотици места на делување на лекот, споредено со 1950тите кога беа познати само неколку места на делување на лекот при одредена болест.

Портфолиото на Roche се состои од широк спектар на лекови, вклучувајќи моноклонални антитела, мали молекули и антитело лек конјугати кои делуваат на новите сигнални патишта и молекуларните таргети.

Roche ги трансформираме научните достигнувања во нови лекови кои им овозможуваат на пациентите подолг и поквалитетен живот.

Со повеќе од 50 нови лекови одобрени во последните 60 години, Roche им помогна на милиони пациенти низ целиот свет и се здоби со репутацијата на една од најиновативните компании во светот.

Samplingweb

Збирката на патентирани молекули на Roche достигнува бројка од:

· над 60.000 поединечни патенти;

· приближно 10.500 патенти кои се уште валидни;

· дополнителни 7.000 апликации за патентна заштита во процедура.

Во 2011 година околу 200 пронајдоци беа заштитени со нови патентни апликации од страна на научници во истражувачките оддели и на сегментите на Roche за Фармација и за Дијагностика.

Roche има водечка позиција при заштита на интелектуалната сопственост.  

Според Глобалната листа на патенти објавена од Patent Board Roche e водечки иноватор во биотехнологијата.