Roche глобално

Седиштето на компанијата Roche е во Базел, Швајцарија. Во 2016 година, Roche броеше 94.000 вработени во повеќе од 100 земји низ светот.

Roche има пионерска улога во здравствениот сектор. Како иноватор на лекови и дијагностика за рана детекција, превенција, дијагноза и третман на голем број болести, ние придонесуваме на повеќе фронтови за подобрување на здравјето и квалитетот на животот на луѓето. Roche ги обезбеди првите лекови кои се посебно прилагодени на одредени групи пациенти.

Нашата мисија, сега и во иднина, е да создадеме додадена вредност во здравствената заштита преку фокусирање на нашите сознанија и истражувања во дијагностиката и во фармацијата.

Site Roche Basel

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Инвестирање во иновацијата

Roche вложува многу инвестиции во истражувањето и развојот на нови лекови и дијагностички решенија. Своите истражувања низ целиот свет ги надополнува со многубројните договори за соработка со светски признати универзитети, истражувачки институти и биотехнолошки компании. Како најголема светска биотехнолошка компанија ние ги користиме најновите откритија и најсовремените технологии за развој на нашите производи. Заедно со нашите партнери го преточуваме мноштвото идеи во медицинските иновативни решенија.

Наш приоритет е да одговориме на потребите на модерната медицина, да направиме чекор напред во лекувањето на пациентите преку откривање и производство на иновативни лекови кои ќе имаат висока ефикасност, безбедност а и фармакоекономска оправданост. Наш фокус не е само дијагностика и третман на симптомите на болеста, туку да примените пристап на лекување давајќи многу повеќе можности за идентификување и лекување на болеста во рана фаза, кога нејзините деструктивни ефекти се уште можат да се спречат.

Поради тоа инвестираме во откривање и развој на нови молекули кои ќе направат разлика во животот на пациентите. Во 2016 година инвестиравме преку 9,9 милијарди швајцарски франци во истражувања и развој, и ќе продолжиме со исто темпо и во иднина, бидејќи потребата за нови, иновативни лекови е поголема од било кога.

Производи и услуги

Roche е најголема светска биотехнолошка компанија со големо портфолио на иновативни лекови кои се користат во различни терапевтски области – онкологија, вирусологија, инфламаторни болести, нарушувања на метаболизмот, болести на централниот нервен систем. Roche е истотака светски лидер во in vitro дијагностика, дијагностика на карциноми во ткивата и пионер во менаџмент на диjабетесот.

Нашата одговорност

Ние во Roche сме посветени на исполнувањето на највисоките етички стандарди, а се придржуваме и до сите важечки национални и интернационални закони на секое поле на деловната соработка. Нашите етички стандарди се дел од нашите „Корпоративни принципи“.