Безброј молекули

cenanalek

Постојат бескрајно многу молекули, но сепак многу малку од нив ќе послужат да се создаде нов лек.

Бројот на возможни молекуларни структури е поголем од бројот на секунди кои ги брои светот од Големата експлозија. Се претпоставува дека е близу 106.

Голем број од сега познатите молекуларни структури никогаш не постоеле, во форма во која ни се денес познати. Со употреба на сознанијата на експертите и научно истражувачката технологија, достапна на нашите научници во одделот за истражување и развој, научниците од Roche создадоа илјадници и илјадници нови синтетички соединенија, создавајќи ги преку комбинирање на веќе познати елементи.

Тие потоа ја испитуваат секоја молекула одделно, за да одредат која од нив ги има потребните карактеристики за од неа да биде создаден нов лек.

Потребни се во просек 10 години посветена работа пред докторот да има можност да му го препише овој лек на својот пациент.