За развојот е неопходно истражување

Ние се стремиме кон развој на нови терапевтски опции и ја тестираме ефикасноста на новите молекули. Ние работиме за да понудиме лекови за некои од најсериозните болести, или барем да успееме да ги олесниме симптомите. Нашата главна цел е да спасуваме животи.

Hromatografijazaweb

За да ги постигнеме овие цели, дури и денес во 21 век, за медицинските истражувања потребни се лабораториски животни. И покрај се, многу од испитувањата може да бидат изведени само на живи организми.

На пример, во многу случаи единствено преку испитувања изведени на животни може да се откријат опасните несакани ефекти на некој експериментален лек, кои во спротивно би било тешко да се препознаат. Со други зборови, испитувањата изведени на животни служат како еден вид осигурување на безбедноста за пациентот. Во нашите медицински истражувања ние се однесуваме со респект кон сите живи суштества, вклучително и оние кои се употребени во лабораториските експерименти. Сите експерименти се предмет на авторизација. При изведување на испитувањата на животни ги применуваме највисоките етички стандарди.

Освен националните и интернационалните стандарди кои ги почитуваме, Roche има усвоено и сопствени високи стандарди. За почитување на овие стандарди на Roche обврзани се како вработените на Roche, така и истражувачките компании со кои Roche има склучено договори за соработка. Секогаш кога е возможно, студиите изведени на животни се заменуваат со алтенативни методи, на чие унапредување Roche континуирано работи.