Моноклонални антитела

Monoclonal Antibodies

Моноклоналните антитела се антитела направени од идентични имуни клетки, клонирани од единечна клетка. Поради тоа имаат константна структура и се врзуваат за ист надворешен маркер (таканаречен “антиген”). Технологијата на правење на моноклонални антитела е откриена 1972 година од страна на César Milstein и Georges Köhler – научници од Институтот за Имунологија во Базел, основан од страна на Roche. César Milstein и Georges Köhler за овој пронајдок во 1987 година се добитници на Нобеловата награда.

Моноклоналните антитела направија револуција во биолошките истражувања и поставија основа за употреба на терапевтски антитела во медицината и за целата биотехнолошка индустрија. Ние во Roche, користиме други пристапи да создадеме банки на моноклонални антитела за специфични антигени. Покрај живите организми, ние истотака развиваме и инвитро технологија, антитело фаг дисплеј, за да создадеме антитела. Тука, различноста на антителата е создадена во инвитро ДНА енкодирана банка која води кон приказ на голема колекција на хумани антитело молекули на површината на култивираните клетки.

Следни чекори се селекција и скрининг на антигенот од избор од мноштвото клетки, кои водат кон изолација на клетки со висок афинитет за врзување. Инвитро дисплеј технологиите овозможуваат таргетирање на специфичните својства, како што е одговор на антителото на одреден предефиниран дел од антигенот.