Невронауката како мултидисциплинарна област го следи развојот на нервниот систем, неговата структура и начинот на неговото нормално функционирање како и при состојби на невролошки, психијатриски и невроразвојни пореметувања. Невронауката е голем предизвик за медицината и општеството, затоа што мозокот сам по себе не е целосно истражен, а пак од друга страна трошоците за третман на болестите кои го зафаќаат мозокот се многу високи. Болестите на нервниот систем го нарушуваат животот не само на пациентите туку и на нивните најблиски. 1 од 10 лица во светот страдаат од одреден тип на невролошко заболување, така што се проценува дека околу 700 милиони лица живеат со ментални и невролошки нарушувања ширум светот.

Рош во последните години интензивно се фокусира кон истражување и развој на оваа област со цел да развие третмански опции кои се базираат врз биологијата на нервниот систем. Користејќи ги најновите научни достигнувања, ние сме посветени да разбереме како болестите влијаат на нервниот систем, развивајќи нови начини на дијагностика и нивно лекување. Секој ден, со подобро разбирање на генетиката, напредокот во „имиџинг“ технологиите и податоците од клиничките студии се овозможи еден нов увид за научниците во тоа како мозокот и неговите врски функционираат - и што се случува кога тие не функционираат правилно. Ниту една компанија или институција не може да го направи тоа сама поради тоа ние соработуваме со широк спектар на партнери од најразлични профили. Имаме страст и знаење, да пронајдеме лекови за третман на болестите на нервниот систем и да им помогнеме на лицата да го живеат својот живот во целост.

Со голема посветеност и знаење истражуваме во овие области, поместувајќи ги границите кон откривање на врвни медицински откритија, со цел нивно излекување и/или подобрување на квалитетот на живот на овие лица. 

Информациите на веб страницата имаат само информативен карактер и не можат да се сметаат како медицински совет.