Дали се согласувате со нас дека секој пациент, како и секоја болест, е приказна за себе? Секоја болест бара многу повеќе од самиот третман, оставајќи траги на сите сегменти од животот, не само на пациентите, туку и на луѓето од нивната околина. Од таа причина, решивме да започнеме блог „Мојата страна од приказната“ заедно со вас на нашата страница. Преку овој блог, ќе се информираме и учиме, но и ќе се мотивираме едни со други за да споделиме искуства во борбата против разни болести. Персонализирани, досега необјавени приказни ќе споделуваат здравствени работници, членови на пациентски организации, пациенти, членови на семејството, пријатели и други на кои болеста им оставила неизбришливи траги. Бидејќи болеста остава траги не само на пациентот, туку и на сите лица околу него.