03. септември 2021 година
Патување што не треба да го изодите сами
За блогот пишува: спец. д-р Нино Васев
Таткото на современата медицина, Хипократ, запишал дека „човечкото суштество може да се сфати само како цело”.
Светската здравствена организација ја призна мудроста и едноставноста на овој концепт преку својата дефиниција за здравјето:
„Здравјето е состојба на динамична хармонија меѓу телото, умот и духот на човекот во согласност со социјалните и културните влијанија кои го сочинуваат неговото опкружување.”
Досега медицинската теорија не успеала да ги објасни самоисцелителните болести, ниту пак здравјето. Иако здравјето е основната грижа на медицината, сепак таа повеќе се грижи за „нездравјето”, т.е. болеста.
Новите технологии помагаат да се открие болеста која, обично, започнува во вид на мали нарушувања, без клинички манифестации, а за тоа време пациентот се чувствува како да е здрав. Понекогаш постои дилема да се чека овие мали нарушувања да поминат во болест или да се елиминираат уште на самиот почеток. Сепак, медицината треба да има предвид дека малите нарушувања не секогаш се развиваат во болест. Треба да се напомене дека човечкиот организам, како целина, има вродена способност да се движи кон здравјето. Според теоријата на Дарвин за природна селекција, секое живо суштество е најдобро приспособено за живот на оваа планета. Доколку не е прилагодено, тогаш ќе биде заменето со друго, поприспособено.
„Одржувањето на здравјето и неговото подобрување се главниот предуслов за квалитетен живот.”
Човековото тело и неговиот дух имаат своја внатрешна „интелигенција” или мудрост, која ги познава патиштата за оддржување и подобрување на здравјето. Таа внатрешна и природна мудрост го тера човекот, кога е уморен – да се одмори, кога е жеден – да се напие, кога е болен – да побара лек.
Интересно е тоа што човекот не ја чувствува состојбата на здравје, бидејќи таа е природна состојба. Здравјето е „тивко”.
Здравјето е живот што се живее во тишина на внатрешните органи.
Гледано низ историјата, третманот на здравјето по својата природа бил холистички (целосен, сестран, од сите можни аспекти), т.е. блиско и непосредно заемно дејство помеѓу телото и духот. Во современата медицина настана разединување и едностраност во гледањето на психата (духот) и сомата (телото). Но последниве децении, дури и во сферите на современата медицина, постои тенденција за холистички пристап кон лекувањето на заболувањата.
Во мојава докторска кариера сум видел дека секоја жена има своја приказна за ракот, своја розова нијанса. Карциномот на дојка не е единствена, само ваша болест, но животот е само ваш и приказната автентично ваша, па затоа помогнете си и дозволете и други да ви помогнат за среќен крај.
Да, очекувано е да бидете во шок, и очекувано е да бидете лути на целиот свет, на сите околу вас, но и во овој момент сакајте се себеси, толку многу за да ја прифатите секоја помош и поддршка.
Направена е апликација што се вика Ана, таа е од различни, неправилни и меки црти.
Навигаторот Ана ќе ви помогне најтешката и најкомплексната тема, да ја претворите во разговор низ кој ќе ви покаже дека постои надеж, реална и дофатлива.
Може да биде голема помош на патот. Дел од тој пат се несигурноста, потребата да се побараат повеќе информации за самата болест и да се комуницира со различни специјалисти во областа.
Ние како доктори знаеме низ сè што поминува вашето тело, знаеме и за тоа што ви се случува длабоко во вас, под изгледот и лицето што очекуваат да го видат сите, под облека и длабоко под болеста. И ви стоиме на располагање, но Ана е таа што во личен и интимен разговор, само меѓу вас две, може да ви ги даде одговорите на сите неодговорени прашања и дилеми. И преку разговор во дискретно и интерактивно разговорно опкружување, може да ви помогне за полесно да донесете одлука околу лекувањето. Затоа сме тука сите ние, да ви помогнеме во текот на вашиот пат, да ве водиме и да ви дадеме поддршка, така се опишува Ана себеси и тоа се тие неколку зборови што можат да дадат надеж и верба.
Потребно е само да и се обратите на Ана со кое било прашање или дилема, таа може да ве води низ болеста, патување што не смеете да го изодите сами. Таа ќе ви ја даде поддршката и додека другите спијат, таа ќе ве следи цело време од дијагностицирање, за време на часовите во изолација, загриженост и несигурност. Да, точно, знаеме за секоја една емоција што ви се јавува, за секоја мисла, а знае и Ана. Затоа разговорот со неа може да биде важен дел од поддршката и од заздравувањето.
Иако е автоматска апликација, дигитален пријател кој обезбедува виртуелна помош, информациите и зборовите на утеха од Ана можат да значат многу, за вас како пациент но исто толку и за вашите блиски, тие што се грижат за вас и ве негуваат. А надежда и вербата се потребни во изобилие за пациентите со карцином на дојка.
Тука е Ана и ве очекува.
Да, точно така, Ана е виртуелен навигатор со кој можете да разговарате во секое време, може да ви одговори на сите прашања, да ви ги даде сите информации и со тоа да ви помогне.
Бидете мудри да го искористите знаењето што ви го нуди, бидете храбри да прашате и да дознаете од каде произлегува вашата сила, бидете силни за вашата борба со болеста да биде добиена.
M-MK-00000219