ALECENSA®▼ (alectinib) 

ALECENSA® (alectinib) претставува лек за перорална употреба во форма на капсула, кој се користи за лекување на возрасни пациенти со напреднат анапластична лимфом тирозин киназа (ALK) позитивен не-ситноклеточен карцином на белите дробови (НСКБК). Тој претставува високо селективен и потентен инхибитор на протеинот ALK, кој се активира после мутација во генот и промовира зголемен раст и преживување на туморот, кај некои типови на карцином. Абнормални форми на ALK се пронајдени кај околу 5% од сите случаи на НСКБК. Преку инхибиција на активноста на ALK, доаѓа до блокада на надолните патишта на сигнализација, вклучувајќи ги STAT 3 и PI3K/AKT, како и индукција на клеточна смрт (апоптоза) на клетките на туморот.

alecensa

Терапевтски индикации

Лекот ALECENSA како монотерапија се користи во прволиниски третман за лекување на возрасни пациенти со ALK позитивен напреднат НСКБК.

Лекот ALECENSA, се користи и кај возрасни пациенти со ALK позитивен напреднат НСКБК кои претходно се лекувале со crizotinib.

Дозирање и начин на употреба

Пред да се започне лекувањето со лекот ALECENSA, неопходно е да се направи валидирано тестирање за ALK, за да се утврди ALK позитивен статус на НСКБК.

Дневната доза на лекот ALECENSA изнесува 600 mg (т.е. 4 капсули) два пати на ден со храна. Една тврда капсула од лекот ALECENSA содржи 150 mg alectinib. Вкупната дневна доза на лекот ALECENSA изнесува 1200 mg (т.е. вкупно 8 капсули дневно).

ALECENSA

Кај пациентите со потешко хепатално оштетување почетната доза е 450 mg (3 капсули) земена два пати дневно со храна (вкупна дневна доза од 900 mg, т.е. 6 капсули).

За време на терапијата со лекот ALECENSA, при справување со несакани настани, може да биде потребно намалување на дозата на лекот или привремено или трајно прекинување на терапијата.

Распоред за намалување на дозата на лекот ALECENSA при справување со несакани реакции

alecensa

Посебни мерки на претпазливост при терапија со лекот ALECENSA

Плодност, бременост и доење

Лекот ALECENSA не смее да се употребува кај трудници, бидејќи може да предизвика оштетување на плодот. Пациентите кои се во репродуктивна возраст и се на третман со лекот ALECENSA, мора да користат ефикасни методи за контрацепција за време на лекувањето и 3 месеци после последната доза од лекот. Не е познато дали лекот ALECENSA се излачува во мајчиното млеко, притоа се советува мајките да не дојат за време на лекувањето.

Пациенти кои имаат неподносливост на лактоза

Лекот ALECENSA соржи лактоза, притоа пациентите кои имаат ретко наследно нарушување, неподносливост на галактоза, вроден недостаток на лактаза или малапсорпција на глукоза и галактоза не треба да го употребуваат овој лек.

Фотосензитивност

Пациентите кои се во тек на лекување со лекот ALECENSA, се препорачува да избегнуваат долготрајно изложување на сончева светлина за време на терапијата и 7 дена после завршување на терапијата со лекот ALECENSA. Исто така се советува пациентите да користат крема со заштитен фактор 50 или поголем, за да се заштитат од изгореници.

alecensa

 

За да го погледнете Збирниот извештај за особините на лекот АLECENSA (alectinib) 150 mg капсули кликнете тука.

 

Овој лек подлежи на дополнителен мониторинг кој ќе допринесе за идентификација на нови информации за безбедноста на лекот. Здравствените работници се замолуваат да ги пријавуваат сите сомнителни несакани реакции. 

Контактирајте го Одделот за медицински информации 

на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500, факс 02/3103-524 или преку e-mail адреса  macedonia.medinfo@roche.com.