Cotellic®▼ (cobimetinib) 

cotellic

Cotellic® (cobimetinib) претставува лек за перорална употреба, кој го блокира сигналниот пат наречен митоген активирана протеин киназа (анг. mitogen-activated kinase, MAPK), и на тој начин го инхибира сигналниот јазол на митоген активираните кинази МЕК1 и МЕК2.

Симултаното делување на комбинацијата на Cotellic со Zelboraf® (vemurafenib) на протеините BRAF V600 и MEK во клетките на меланомот, ја инхибира реактивацијата на сигналниот пат MAPK од страна на MEK1/2, што доведува до посилна инхибиција на интраклеточната сигнализација и намалување на пролиферацијата на клетките на туморот.

Терапевтски индикации:

Лекот Cotellic е индициран за употреба во комбинација со Zelboraf, за лекување на возрасни пациенти со неоперабилен или метастазиран меланом со BRAF V600 мутација.

Дозирање и начин на употреба на Cotellic:

Пред почетокот на лекувањето со Cotellic, онкологот мора да потврди дека пациентот има меланом кој е позитивен на BRAF V600 мутација.

Препорачаната доза на Cotellic е 60 mg (3 таблети од 20 mg) еднаш на ден.

cotellic

Ако дозата се пропушти, може да се земе 12 часа пред времето предвидено за следната доза за да се одржи распоредот на администрација еднаш на ден. Ако пациентот поврати после употреба на Cotellic, не смее да земе додатна доза тој ден туку треба да продолжи со лекувањето наредниот ден, според вообичаениот распоред.

Лекот Cotellic се употребува во циклуси од 28 дена. Секоја доза се состои од три таблети, а се администрира еднаш на ден во тек на 21 последователни дена. После тие 21. ден, следува пауза од 7 дена. Секој следен цисклус на лекување со Cotellic треба да започне веднаш откако ќе заврши паузата од 7 дена.

Еден циклус на администрација на лековите Cotellic и Zelboraf

cotellic & Zelboraf

Прилагодување на дозата на Cotellic при појава на несакани реакции поврзани со лекот

cotellic

* Градацијата на интензитетот на клиничките несакани реакции е извршена според верзијата 4.0 Заеднички терминолошки критериуми за несакани реакции (анг. Common Terminology Criteria for Adverse Events, CTC-AE, v4.0)

За прилагодување на дозата на лекот Zelboraf, погледнете го Збирниот извештај за особините на лекот.

Плодност, бременост и доење

Жените во репродуктивна возраст треба за време на лекувањето со Cotellic и три месеци после завршување на лекувањето да употребуваат две ефикасни методи на контрацепција, како што се презервативи или некои други механички методи. Лекот Cotellic смее да се употребува кај бремени жени само кога тоа е неопходно, после внимателна проценка на потребите на мајката и ризикот на плодот.

 

За да го погледнете Збирниот извештај за особините на лекот Cotellic (cobimetinib) 20 mg таблети кликнете тука.

 

Овој лек подлежи на дополнителен мониторинг кој ќе допринесе за идентификација на нови информации за безбедноста на лекот. Здравствените работници се замолуваат да ги пријавуваат сите сомнителни несакани реакции. 

Контактирајте го Одделот за медицински информации 

на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500, факс 02/3103-524 или преку e-mail адреса  [email protected].