Аctemra® (tocilizumab)

Аctemra® (tocilizumab) 

Умерен до тежок активен ревматоиден артритис 

Полиартикуларен јувенилен идиопатски артритис (pJIA) 

Системски јувенилен идиопатски артритис (sJIA) 

Tocilizumab се користи во терапија на умерен до тежок активен ревматоиден артритис (РА) кај возрасни пациенти. Tocilizumab може да се користи како монотерапија или во комбинација со метотрексат (MTX) и/или други антиревматични лекови модификатори на заболувањето (DMARDs).

Tocilizumab е индициран и за терапија на активен полиартикуларен јувенилен идиопатски артритис (pJIA) и активен системски јувенилен идиопатски артритис (sJIA)  кај пациенти на возраст од две (2) години и постари.
Tocilizumab може да се употребува како монотерапија или во комбинација со метотрексат (MTX).
Препорачаната доза на tocilizumab за возрасни пациенти со ревматоиден артритис (РА) е 8 mg/kg дадена еднаш неделно секои четири недели во облик на интравенска инфузија.

 

 

Препорачана доза на tocilizumab за пациенти со pJIA дадена еднаш на секои четири недели во облик на интравенска инфузија е:

- 10 mg/kg за пациенти < 30 kg
- 8 mg/kg за пациенти ≥ 30 kg

Препорачана доза на tocilizumab за пациенти со sJIA дадена еднаш на секои две недели во облик на интравенска инфузија е:
- 12 mg/kg за пациенти < 30 kg
- 8 mg/kg за пациенти ≥ 30 kg

За да го погледнете вкупниот збирен извештај за особините на лекот кликнете тука.

Контактирајте го Одделот за медицински информации 

на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500, факс 02/3103-524 или преку e-mail адреса  macedonia.medinfo@roche.com.