Avastin® (bevacizumab)

Avastin® (bevacizumab) e рекомбинантно хуманизирано моноклонално антитело кое селективно се врзува и ја неутрализира биолошката активност на хуманиот васкуларен ендотелијален фактор на раст (VEGF). Неутрализирајќи ја биолошката активност на VEGF се намалува васкуларизацијата на туморите, а со тоа и растот на туморите.
Avastin® (bevacizumab) во комбинација со хемотерапија е индициран за третман на:
Метастатски колоректален карцином
Локален рекурентен или метастатски карцином на дојка
Напреднат неситно-клеточен карцином на бели дробови
Напреднат и/или метастатски карцином на бубрежните клетки
Карцином на оваријален епител, на фалопиеви туби и примарен перитонеален карцином
Перзистентен, рекурентен или метастатски карцином на цервикс
За дa го погледнете вкупниот збирен извештај за особините на лекот кликнете тука.
Контактирајте го Одделот за медицински информации
>на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500, факс 02/3103-524 или преку e-mail адреса [email protected].