Карцином на оваријален епител, на фалопиеви туби и примарен перитонеален карцином

Карцином на оваријален епител, на фалопиеви туби и примарен перитонеален карцином 

Avastin® (bevacizumab) во комбинација со carboplatin и paclitaxel е индициран како прва линија на третман на возрасни пациенти со напреднат епителијален карцином (Меѓународна федерација за гинекологија и акушерство (FIGO) стадиум III B, III C и IV) на јајниците, јајцеводите, или примарен перитонеален карцином.

Avastin® (bevacizumab)  во комбинација со carboplatin и gemcitabine, е индициран за третман на возрасни пациенти со прва рекуренција на епителијално оваријален, јајници, јајцеводи и примарен перитонеален карцином сензитивни на платина, кај пациенти кои претходно не примале терапија со Avastin® или други VEGF инхибитори или VEGF рецептор-насочени агенси.

Avastin® (bevacizumab) во комбинација со paclitaxel, topotecan, или пегилиран липозомален doxorubicin е индициран за третман на возрасни пациенти со рекурентен епителен карцином на јајниците, јајцеводите или примарно перитонеален карцином, кој е резистентен на платина, кај пациенти кои не добиле повеќе од два претходни режими на хемотерапија и кои претходно не примале терапија со Avastin® или други VEGF инхибитори или VEGF рецептор-насочени агенси.

Дозирање и начин на употреба:

Лек од прва линија: Avastin® се дава како додаток на carboplatin  и paclitaxel до 6 циклуси на третман проследено со постојана употреба на Avastin® како монотерапија сè до прогресија на болеста или максимум до 15 месеци или до појава на неприфатлива токсичност, што и да настане прво.

Препорачаната доза на Avastin® е 15 mg/kg од телесната тежина дадена еднаш на секои 3 недели како интравенска инфузија.

Третман на  рекурентна болест сензитивна на платина: Avastin® се дава во комбинација со carboplatin и gemcitabine од 6 циклуси и до 10 циклуси проследено со континуирана употреба на Avastin® како монотерапија сè до прогресија на болеста. Препорачаната доза на Avastin® е 15 mg/kg од телесната тежина дадени еднаш на секои 3 недели како интравенска инфузија.

Третман на рекурентна болест резистентна на платина: Avastin® се дава во комбинација со еден од следниве агенти -paclitaxel, topotecan (неделно) или пегилиран липозомален doxorubicin. Препорачаната доза на Avastin е 10 mg/kg од телесната тежина дадени еднаш на секои 2 недели како интравенска инфузија. Кога Avastin® се дава во комбинација со topotecan (даден на ден 1-5, на секои 3 недели), препорачаната доза на Avastin® е 15 mg/kg од телесната тежина дадени еднаш на секои 3 недели како интравенска инфузија. Се препорачува третманот да продолжи до прогресија на болеста или до неприфатлива токсичност.

За да го погледнете вкупниот збирен извештај за особините на лекот кликнете тука.

Контактирајте го Одделот за медицински информации 

на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500, факс 02/3103-524 или преку e-mail адреса  macedonia.medinfo@roche.com.