Локален рекурентен или метастатски карцином на дојка

Локален рекурентен или метастатски карцином на дојка 

Avastin® (bevacizumab) во комбинација со paclitaxel е индициран како прва линија на третман на возрасни пациенти со метастатски карциномна дојка.

Avastin® (bevacizumab) во комбинација со capecitabine е индициран како прва линија на третман на возрасни пациенти со метастатски карцином на дојка кај кои се смета дека третманот со други хемотераписки опции, вклучувајќи таксани или антрациклини не e соодветен. Пациенти кои примиле тераписки режими кои содржат taxan и антрациклини како адјувантна терапија во последните 12 месеци треба да бидат исклучени од третманот со Avastin во комбинација со capecitabine.

Дозирање и начин на употреба:

Препорачана доза на Avastin® е 10 mg/kg од телесната тежина дадена еднаш на секои 2 недели или 15 mg/kg од телесната тежина дадени еднаш на секои 3 недели како интравенска инфузија.

Се препорачува третманот да се продолжи до прогресија на болеста или до појава на неприфатлива токсичност.

За да го погледнете вкупниот збирен извештај за особините на лекот кликнете тука.

Контактирајте го Одделот за медицински информации 

на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500, факс 02/3103-524 или преку e-mail адреса  macedonia.medinfo@roche.com.