Метастатски колоректален карцином

Метастатски колоректален карцином 

Avastin® (bevacizumab) во комбинација со хемотерапија базирана на флуоропиримидин, е индициран за третман на возрасни пациенти со метастатски карцином на дебелото црево или ректумот.

Дозирање и начин на употреба:

Препорачаната доза на Avastin®, дадена како интравенска инфузија, изнесува или 5 mg/kg или 10 mg/kg од телесната тежина дадени еднаш на секои 2 недели или 7,5 mg/kg или 15 mg/kg од телесната тежина дадени еднаш на секои 3 недели.

Се препорачува третманот да се продолжи до прогресија на болеста или до појава на неприфатлива токсичност.

Пациентите кои претходно биле третирани Avastin® можат да продолжат со терапија со Avastin®и по првата прогресија на болеста (студија ML18147).

За да го погледнете вкупниот збирен извештај за особините на лекот кликнете тука.

Контактирајте го Одделот за медицински информации 

на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500, факс 02/3103-524 или преку e-mail адреса  macedonia.medinfo@roche.com.