Напреднат неситно-клеточен карцином на бели дробови

Напреднат неситно-клеточен карцином на бели дробови 

Avastin® (bevacizumab), како додаток на хемотерапија базирана на платина е индициран како прва линија на третман на возрасни пациенти со нересектабилен напреднaт метастатски или рекурентен не-ситноклеточен карцином на белите дробови, со друг хистолошки наод освен со доминантно сквамозни клетки.

Avastin® (bevacizumab), во комбинација со erlotinib, е индициран за третман од прва линија на возрасни пациенти со нересектабилен напреднат, метастатски или рекурентен несквамозен не-ситноклеточен карцином на белите дробови со активирачки мутаци на епидермалниот рецептор на факторот за раст (EGFR).

Дозирање и начин на употреба:

Avastin® се дава како додаток на хемотерапија заснована на платина во тек на 6 циклуси на третман проследено со Avastin® како монотерапија сè до прогресија на болеста.

Препорачаната доза на Avastin® е 7,5 mg/kg или 15 mg/kg од телесната тежина дадена еднаш на секои 3 недели како интравенска инфузија.

Клиничка корист кај пациенти со НСКБК била прикажана со двете дози –7,5 mg/kg и 15 mg/kg.

Се препорачува третманот да продолжи до прогресија на болеста или до појава на неприфатлива токсичност.

Прва линија на третман на несквамозен НСКБК сo EGFR активирачки мутации во комбинација со erlotinib:

EGFR тестирањето за мутации треба да се изведе пред почнување на третман со комбинација на Avastin® и erlotinib. Особено е важно да се одбере добро валидирана и робустна метода за да се избегнат лажно негативните и лажно позитивните резултати.

Препорачаната доза на Avastin® кога се употребувакако додаток на erlotinibе 15 mg/kg од телесната тежина која се дава еднаш на секои 3 недели како интравенска инфузија.

Се препорачува третманот на Avastin® како додаток на erlotinibда се продолжи до прогресија на болеста..

За да го погледнете вкупниот збирен извештај за особините на лекот кликнете тука.

Контактирајте го Одделот за медицински информации 

на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500, факс 02/3103-524 или преку e-mail адреса  macedonia.medinfo@roche.com.