Грануломатоза со полиангиит и микроскопски полиангиит

MabThera® во комбинација со гликокортикоиди е индицирана за индукција на ремисија кај возрасни пациенти со тешка, активна грануломатоза со полиангиит (Wegner’s) (ГПА) и микроскопски полиангиит (МПА).

На пациентите кои примаат MabThera® мора да им се даде карта за тревога/внимание со секоја инфузија.

Пред секоја инфузија која содржи MabThera® треба да се администрира премедикација која се состои од аналгетик/антипиретик (пример: парацетамол) и антихистаминик (пример: дифенхидрамин).

Препорачаната доза на MabThera® за почеток на ремисиона терапија на Грануломатоза со полиангиит и Микроскопски полиангиит е 375 mg/m2 телесна површина администрирано како интравенска инфузија еднаш неделно во тек на четири недели (вкупно 4 инфузии) и гликокортикоиди.

Еден до три дена пред првата инфузија на MabThera®, се препорачува интравенско администрирање на метилпреднизолон во дневна доза од 1000 mg (последната доза на метилпреднизолон може да се даде на истиот ден кога започнува првата инфузија со MabThera®). Потоа треба да следи перорално администрирање на преднизолон во доза од 1 mg/kg/дневно (не повеќе од 80 mg/дневно, која ќе се намали што е можно побрзо во зависност од клиничката потреба) во тек и по терапијата со MabThera®.

Прва инфузија:

Препорачаната почетна брзина на инфузија со MabThera® е 50 mg/час; по што може да се зголемува за по 50 mg/час на секои 30 минути, до максимум 400 mg/час.

Следни инфузии (од втора до четврта):

Следните инфузии со MabThera® можат да започнат со брзина од 100 mg/час; по што може да се зголемува за по 100 mg/час на секои 30 минути, до максимум 400 mg/час.

Во тек и по завршување на терапија со MabThera® кај пациенти заболени од грануломатоза со полиангиит или Микроскопски полиангиит се препорачува заштита од Pneumocystis jiroveci pneumonia (PCP). 

 

За да го погледнете вкупниот збирен извештај за особините на лекот, MabThera (rituximab) концентрат за раствор за инфузија 100 mg/ 10 ml и 500 mg/ 50 ml кликнете тука.