MabThera SC (rituximab subcutaneous)

MabThera SC 1600 mg 

MabThera® (rituximab) 1600 mg раствор за супкутано инјектирање.

  • Еден ml содржи 120 mg rituximab.
  • Една вијала содржи 1600 mg/13,4 ml rituximab.

Терапевтски индикации:

MabThera® во комбинација со хемотерапија е индицирана за третман на возрасни пациенти со претходно нелекувана хронична лимфоцитна леукемија и релапсна/рефрактерна лимфоцитна леукемија (ХЛЛ).

Дозирање:

Пред секое администрирање на MabThera® секогаш треба да се даде премедикација која се состои од антипиретик и антихистаминик, на пример paracetamol и diphenhydramine.

Препорачана доза на MabThera® супкутана формулација кај возрасни пациенти е една субкутана инјекција со фиксна доза од 1600 mg, без оглед на површината на телото на пациентот.

Пред почеток на администрирање на MabThera® супкутана инјекција, сите пациенти мора претходно да примат најмалку една полна доза на MabThera® во интравенска инфузија која ќе содржи MabThera® интравенска формулација.

Ако пациентите не се во можност да примат една полна доза на интравенска инфузија на MabThera® пред преминување на супкутано администрирање, би требало да продолжат со последователни циклуси со MabThera® како интравенска формулација се до успешно администрирање на целата интравенска доза.

Препорачана доза на MabThera® за интравенска употреба во комбинација со хемотерапија, за претходно нелекувани и релапсни/рефрактерни пациенти изнесува 375 mg/m2 телесна површина администрирана на нулти ден од првиот циклус на лекување, после тоа следува супкутана инјекција на MabThera® субкутана формулација во фиксна доза од 1600 mg по циклус администрирана првиот ден од секој нареден циклус (вкупно 6 циклуси).

Хемотерапијата треба да се администрира после администрација на MabThera®.

  • Програмата за клинички развој на лекот MabThera® SC 1600 mg се состои од следнава клиничка студија:
  • SAWYER (BO25341)

За да го погледнете Збирниот извештај за особините на лекот, MabThera® (rituximab) 1600 mg / 13,4 ml раствор за супкутано инјектирање кликнете тука.

Контактирајте го Одделот за медицински информации 

на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500, факс 02/3103-524 или преку e-mail адреса  macedonia.medinfo@roche.com.