Ревматоиден артрит

Во комбинација со метотрексат, MabThera® е индицирана за третман на возрасни пациенти со тежок активен ревматоиден артрит кои имале неадекватен одговор или интолеранција на други антиревматски лекови кои ја модифицираат болеста (DMARD), вклучувајќи и еднa или повеќе терапии со инхибитори на тумор некротичен фактор (TNF).

Утврдено е дека кога се дава во комбинација со метотрексат, MabThera® го редуцира степенот на прогресија на оштетување на зглобовите што е определено со х-зрачење и ја подобрува физичката функција.

На пациентите кои примаат MabThera мора да им се даде карта за тревога/внимание со секоја инфузија.

Една терапија со MabThera® се состои од две интравенски инфузии од по 1000 mg. Препорачаната доза на MabThera е 1000 mg преку интравенска инфузија следено со втора интравенска инфузија од 1000 mg две недели подоцна.

Потребата од натамошна терапија треба да се утврди 24 недели по претходната терапија. Повторен третман треба да се даде доколку се задржи резидуална активност на болеста; во спротивно повторниот третман треба да се одложи до активирање на болеста.

Достапните податоци укажуваат на тоа дека вообичаено, клинички одговор се постигнува 16 - 24 недели од првиот циклус на терапија. Продолжување на терапијата треба да се препорачува со внимание кај пациенти кои во рамките на овој временски период не покажале бенефит од терапијата.

 

За да го погледнете вкупниот збирен извештај за особините на лекот, MabThera (rituximab) концентрат за раствор за инфузија 100 mg/10 ml и 500 mg/50 ml кликнете тука.

Контактирајте го Одделот за медицински информации 

на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500, факс 02/3103-524 или преку e-mail адреса  macedonia.medinfo@roche.com.