Mircera® (methoxy polyethylene glycol-epoetin beta)

 

Mircera се доставува во форма на раствор за инјектирање, во наполнет инјекциски шприц со единечна доза која содржи: 30 μg, 50 μg, 75 μg,  100 μg, 120 μg, 150 μg, 200 μg или 250 μg methoxy polyethylene glycol-epoetin beta во 0,3 ml или 360 μg или 800 μg methoxy polyethylene glycol-epoetin beta во 0,6 ml.

Растворот може да се аплицира поткожно (s.c.) или интравенозно (i.v.), во согласност со клиничката пракса.

Mircera се применува за лекување на анемија поврзана со хронична бубрежна болест(ХББ), вклучително и кај пациенти кои се на дијализа и кај пациенти кои не се на дијализа.

Mircera е хемиски синтетизиран континуиран активатор на рецепторите за еритропоетин. За разлика од еритропоетинот, Mircera покажува различна активност на ниво на рецепторот, што се карактеризира со побавно поврзување за рецепторот и побрзо одвојување од него, како и зголемен полуживот. Овие разлики во фармаколошките карактеристики се значајни за да може кај пациентите да се постигне режим на дозирање на Mircera од еднаш месечно.

Mircera e индициран за употреба при:

Лекување на анемија поврзана со хронична бубрежна болест (ХББ)

 

За да го погледнете Збирниот извештај за особините на лекот кликнете тука.

Контактирајте го Одделот за медицински информации 

на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500 или преку e-mail адреса  [email protected].