Релапсен рефракторен фоликуларен лимфом

Релапсен рефракторен фоликуларен лимфом 

Терапевтска индикација:

GAZYVA® во комбинација со bendamustine, следено со терапија на одржување со GAZYVA® е индициран за третман на пациенти со фоликуларен лимфом (ФЛ), кои не реагирале или кај кои болеста напредувала во тек на или до 6 месеци по третман со rituximab или режими базирани на rituximab.

Премедикација:

Профилакса и премедикација за синдром на лиза на туморот (TLS)

Пациентите со тумори со голема тежина и/или висок број на циркулирачки лимфоцити (> 25 x 109/L) и/или бубрежна инсуфициенција (креатинин клиренс (CrCl) <70 ml/min) се смета дека имаат ризик за TLS и треба да примаат профилакса. Профилаксата треба да се состои од соодветна хидратација и администрација на урикостатици (на пример allopurinol), или соодветен алтернативен третман, како што се урати оксидаза (на пример rasburicase), со почеток 12 – 24 часа пред почеток на инфузија со GAZYVA според стандардната пракса. Пациентите треба да продолжат да примаат профилакса пред секоја наредна инфузија доколку се смета дека тоа е соодветно.

Профилакса и премедикација за реакции поврзани со инфузијата (IRR)

Премедикација со кортикостероиди се препорачува кај пациенти со ФЛ во првиот циклус. Премедикација за наредните инфузии и други премедикации треба да се дадат како што е опишано подолу.

Хипотензија, како симптом на реакција поврзана со инфузијата, може да настане за време на примање на лекот GAZYVA преку интравенска инфузија. Затоа, треба да се размисли да се прекине користењето на антихипертензивна терапија 12 часа пред и во текот на секоја инфузија со GAZYVA и за време на првиот час по интравенска администрација.

Дозирање:

Индукција (во комбинација со bendamustine)

Циклус 1

Препорачаната доза на GAZYVA во комбинација со bendamustine е 1000 mg дадени на 1 ден, 8 ден и 15 ден од првиот циклус на третман во траење од 28 дена.

Циклуси 2-6

Препорачаната доза на GAZYVA во комбинација со bendamustine е 1000 mg дадени на 1 ден од секој циклус на третман во траење од 28 дена.

Терапија на одржување

Пациентите кои одговориле на индукциониот третман (односно иницијалниот третман од 6 циклуси) со GAZYVA во комбинација со bendamustine или имаат стабилна болест треба да продолжат да примаат GAZYVA  во доза од 1000 mg како монотерапија во терапија на одржување еднаш на секои 2 месеци во тек на две години или до прогресија на болеста (кое и да настапи прво).

Времетраење на третманот:

Шест третмански циклуси, секој во траење од 28 дена следено со терапија на одржување на секои два месеци во тек на две години или до прогресија на болеста (кое и да настапи прво).

Програмата за клинички развој на лекот GAZYVA ® во индикацијата релапсен/рефракторен фоликуларен лимфом се состои од следнава регистрациона студија:

За да го погледнете вкупниот Збирен извештај за особините на лекот, GAZYVA® (obinutuzumab) 1000 mg концентрат за раствор за инфузија кликнете тука.

Контактирајте го Одделот за медицински информации 

на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500, факс 02/3103-524 или преку e-mail адреса  macedonia.medinfo@roche.com.