OCREVUS® (ocrelizumab)

▼OCREVUS® (ocrelizumab) е лек кој претставува иновативен научен пристап во третманот на мултипла склероза. Механизмот на делување вклучува таргетирање на CD20-позитивни Б клетки кои играат клучна улога во патофизиологијата на оваа изнемоштувачка болест.

OCREVUS е рекомбинантно хуманизирано anti-CD20 моноклонално антитело произведено во клетки на јајници од кинески хрчак со рекомбинатна ДНК технологија.

Лекот OCREVUS е индициран за третман на:

OCREVUS се администрира во облик на интравенска инфузија на секои шест месеци, без потреба од рутински тестирања помеѓу дозите.

Во 2017 година Американската агенција за храна и лекови (анг. U.S. Food and Drug Administration, FDA) додели назнака за OCREVUS - ͈„Врвно медицинско откритие“.

 

За дa го погледнете вкупниот збирен извештај за особините на лекот, OCREVUS® (ocrelizumab) 300 mg концентрат за раствор за инфузија кликнете тука.

 

▼Овој лек подлежи на дополнително следење. Со тоа се овозможува брзо откривање на нови информации за безбедноста на лекот. Од здравствените работници се бара да пријават секаква сомнителна несакана реакција од овој лек.

Контактирајте го Одделот за медицински информации 

на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500, факс 02/3103-524 или преку e-mail адреса  macedonia.medinfo@roche.com.