Хроничен хепатитис Ц

Хроничен хепатитис Ц 

Pegasys® како монотерапија или во комбинација со Copegus® (ribavirin) е наменет за третман на хепатитис Ц кај нециротични и циротични пациенти со компензирано заболување на црниот дроб. Препорачаната доза на Pegasys®, како монотерапија или во комбинација со Copegus®(ribavirin) e 180 mcg еднаш неделно, субкутано во абдоменот или бутот. Комбинацијата на Pegasys и Copegus е индицирана кај за прв пат лекувани пациенти и кај пациенти кај кои претходната терапија само со интерферон алфа (пегилиран или непегилиран) или во комбинација со ribavirin немала успех.

Препорачаната доза на Pegasys®, како монотерапија или во комбинација со Copegus® (ribavirin) е 180 mcg еднаш неделно, субкутано во абдоменот или бутот. Copegus® треба да се администрира во текот на оброкот, заедно со храна.

Времетраењето на комбинираната терапија и дневната доза на ribavirin даден во комбинација со Pegasys® треба индивидуално да се подеси врз основа на вирусниот генотип на пациентот. Препорачано времетраење на монотерапијата изнесува 48 недели. Пациентите инфицирани со ХЦВ генотип 1 со детектибилни вредности на ХЦВ РНА по 4 недели без оглед на виралната активност од пред третманот треба да бидат подложени на 48 неделна терапија.

Времетраење на третман од 24 недели може да се примени кај пациенти инфицирани со генотип 1 и ниска базална вирална активност (LVL) (< 800000 IU/ml) или со генотип 4 кои станале ХЦВ РНА негативни по 4 недели и останале ХЦВ РНА негативни по 24 недели. Меѓутоа третманот во времетраење од 24 недели може да биде проследен со поголем ризик од релапси во однос на третманот во времетраење од 48 недели.

Пациентите инфицирани со HCV генотип 2/3 кои имаат детектибилно ниво на HCV RNA во четвртата недела, без оглед на пре-третманската вирална активност треба да примаат 24 неделна терапија. Терапија со времетраење од 16 недели треба да се земе во предвид кај селектирани пациенти инфицирани со генотип 2/3 со LVL на основно ниво кои станале HCV негативни до четвртата недела од третманот.

Терапија во траење од 16 недели може да биде проследен со повисок ризик од релапс отколку терапија во траење од 24 недели.

Хроничен хепатит Ц при неуспех на терапијата:

Препорачаната доза на Pegasys® во комбинација со Copegus® (ribavirin) е 180 mcg еднаш неделно со субкутано администрирање во абдоменот или бутот. Copegus® треба да се администрира со храна. За пациенти <75 кg и ≥75 кg, треба да се администрира по 1000 mg и 1200 mg Copegus®, соодветно. Препорачаното траење на терапијата е 72 недели кај пациенти со генотип 1 или 4 и 48 недели кај пациенти со генотип 2 или 3.

За да го погледнете вкупниот збирен извештај за особините на лекот кликнете тука.