Метастатски карцином на дојка

Метастатски карцином на дојка  

Терапевтски индикации:

Perjeta® e индициран во комбинација со Herceptin® и docetaxel кај пациенти со HER2 позитивен метастатски или локално рекурентен нересектабилен карцином на дојка, кои за својата болест претходно не примале анти-HER2 терапија или хемотерапија.

Дозирање и начин на употреба:

Пациентите третирани со Perjeta® треба да имаат HER2 позитивен статус на туморот дефиниран како вредност од 3+ според IHC или однос од ≥ 2,0 според ISH утврден со валидиран тест.

Препорачаната почетна доза на Perjeta® e 840 mg администрирана во тек на 60 минутна интравенска инфузија, по што на секои три недели од тогаш следат дози од 420 mg администрирани во период од 30 до 60 минути.

Кога се администрира напоредно со Perjeta®, се препорачува тронеделен распоред за Herceptin® администриран во вид на интравенска инфузија со почетна доза од 8 mg/kg по што следи доза од 6 mg/kg на секои 3 недели.

Кога се администрира напоредно со Perjeta®, препорачаната почетна доза на docetaxel е 75 mg/m2. Дозата може да се зголеми на 100 mg/m2 доколку почетната доза е добро толерирана.

Редослед на администрација:

Лековите треба да се администрираат по ред. Perjeta® и Herceptin® можат да се даваат по било кој редослед. Кога пациентот прима docetaxel, истиот треба да се администрира по админстрирање на Perjeta® и Herceptin®. Се препорачува период на следење на пациентот во тек на 30-60 минути по секоја администрирана инфузија на Perjeta® и пред почнување на друга последователна инфузија на Herceptin® или docetaxel.

Траење на терапијата

Се препорачува третирање на пациентите со Perjeta® се до појава на прогресија на болеста или до појава на токсичност која не може да се изменаџира.

За да го погледнете вкупниот збирен извештај за особините на лекот кликнете тука.