Recormon®(epoetin beta)
Recormon®(epoetin beta)

Recormon® содржи хормон епоетин бета, кој во однос на неговата аминокиселина и јагленохидратниот состав е идентичен со еритропоетинот кој е изолиран од урина кај анемични пациенти. Еритропоетин е гликопротеин кој го стимулира создавањето на еритроцитите од нивните прогенитори.
Recormon® се доставува во форма на раствор за инјектирање, во наполнет инјекциски шприц со единечна доза која содржи 2000 IE (што одговара на 16.6 µg) epoetin beta во 0.3 ml вода за инјекции или 4000 IE (што одговара на 33.2 µg) epoetin beta во 0.3 ml вода за инјекции. Може да се администрира субкутано (s.c.) или интравенски (i.v.), во согласност со клиничката пракса.
Лекувањето со Recormon мора да се отпочне под надзор на стручно здравствено лице.
Recormon® е индициран за третман на:
- Третман на симптоматска анемија кај болни со хронична бубрежна исуфициенција на дијализа
- Третман на симптоматска ренална анемија кај пациенти во стадиум на преддијализа
- Третман на симтоматска анемија кај возрасни пациенти со не-миелоидна малигна болест кои примаат хемотерапија
- Зголемување на продукцијата на автологна крв кај пациентите во преддонациона програма
- Превенција на анемија кај прематурни новороденчиња
За дa го погледнете вкупниот збирен извештај за особините на лекот кликнете тука.
Контактирајте го Одделот за медицински информации
на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500, факс 02/3103-524 или преку e-mail адреса [email protected].