Третман на симптоматска анемија кај болни со хронична бубрежна инсуфициенција на дијализа

Симптоматска анемија кај болни со хронична бубрежна инсуфициенција на дијализа 

Дозирање и начин на употреба

Recormon® може да се администрира субкутано или интравенски. При интравенска администрација, растворот треба да се инјектира приближно 2 минути преку артерио-венска фистула на крајот од дијализата. Целта на терапијата со Recormon е зголемување на нивото на хемоглобин до 10-12 g/dl. Вредноста на нивото на хемоглобин од 12 g/dl не треба да биде надмината.

Терапијата се дели во две фази: фаза на корекција и фаза на одржување.

  • Фаза на корекција

При интравенска администрација почетната доза изнесува 3 х 40 IE/kg/t.t. неделно. Дозата може да се зголеми после 4 недели на 3 х 80 IE/kg/t.t. неделно, а ако е потребно понатамошно зголемување на дозата, тоа треба да изнесува 20 IE/kg/t.t три пати неделно, во месечни интервали. Максималната доза не треба да биде поголема од 720 IE/kg/t.t. неделно.

  • Фаза на одржување

Во фазата на одржување, откако ќе се постигнат вредности на хемоглобинот од 10-12 g/dl, последната доза се намалува за 50%. За постигнување на тераписката цел понатаму е потребно индивидуално прилагодување на дозата во интервали од две до четири недели (доза на одржување).

Терапијата со Recormon е долготрајна терапија. Меѓутоа, истата може да биде прекината во било кое време, во колку е неопходно.

Recormon® e контраиндициран кај пациенти кои се преосетливи на активната супстанција, или било која друга составна компонента на лекот и кај пациенти со слабо контролирана хипертензија.

Најчести несакани ефекти кои се јавуваат се хипертензија и главоболка, ретко се јавуваат шант тромбоза и кожни реакции како што се раш, пруритус, уртикарија или реакција на местото на инјектирање, а многу ретко се јавуваат тромбоцитоза и грипозни симптоми како што се треска, студенило, главоболка, болки во екстремитетите и болки во коските.

За да го погледнете вкупниот збирен извештај за особините на лекот кликнете тука.

Контактирајте го Одделот за медицински информации 

на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500, факс 02/3103-524 или преку e-mail адреса  macedonia.medinfo@roche.com.