Зголемување на продукцијата на автологна крв кај пациентите во преддонациона програма

Зголемување на продукцијата на автологна крв кај пациентите во преддонациона програма 

Recormon® е индициран за зголемување на продукцијата на автологна крв кај пациентите во преддонациона програма. Неговата употреба во оваа индикација мора да биде посебно евалуирана во однос на зголемениот ризик од тромбоемболички пореметувања. Третманот може да се спроведе само кај пациенти со умерена анемија (Hb 10 до 13 g/dl, односно 6.21 до 8.07 mmol/l, без дефицит на железо) во колку не се достапни крвни конзервациони процедури или пак се недоволни, односно за предвидениот елективен хируршки зафат е потребен поголем волумен на крв (4 или повеќе единици на крв за жени; 5 или повеќе единици крв за мажи).

Дозирање и начин на употреба

Растворот се администрира интравенски во тек на приближно 2 минути, или субкутано.

Recormon се администрира два пати неделно во тек на 4 недели. Во оние случаи каде вредностите на PCV кај пациентот дозволуваат донација на крв, пр. PCV ≥ 33%, Recormon се администрира на крајот од крвната донација. Во периодот на третман, нивото на PCV не треба да биде повисоко од 48%

Дозата на Recormon треба да ја одреди хируршкиот тим, индивидуално за секој пациент, а врз основа на потребната количина на крв која треба да се донира и ендогените резерви на еритроцити:

1. Потребната количина на предонирана крв зависи од антиципираниот губиток на крв, употребата на крвни конзервациони процедури и физичката состојба на пациентот.

Количината треба да е толкава, колку што се очекува да биде доволна за да се избегне хомологна трансфузија на крв.

Потребната количина на предонирана крв се изразува во еденици, каде една единица на номограмот е еквивалентна на 180 ml црвени крвни клетки.

2. Способноста да се донира крв, предоминантно зависи од состојбата на крвниот волумен на пациентот и базалните вредности на PCV. Двете варијабли ја детерминираат ендогената резерва на црвени крвни клетки, која може да се пресмета согласно следната формула.

Ендогени резерви на црвени крвни клетки = крвен волумен (ml) x (PCV-33) ÷ 100

Жени: крвен волумен [ml] = 41 [ml/kg] x телесна тежина [kg] + 1200 [ml]

Мажи: крвен волумен [ml] = 44 [ml/kg] x телесна тежина [kg] + 1600 [ml]

(телесна тежина ≥ 45 kg).

Индикацијата за третман со Рекормон, во колку се дава во еднократна доза, треба да се детерминира од потребната количина на предонирана крв и ендогените резерви на црвени крвни клетки. Одредената еднократна доза се администрира два пати неделно во тек на 4 недели. Максималната доза не треба да биде повисока од 1600 IU/kg телесна тежина неделно за интравенски, односно 1200 IU/kg неделно за субкутан начин на администрација.

Recormon® e контраиндициран кај пациенти кои се преосетливи на активната супстанција, или било која друга составна компонента на лекот, кај пациенти со слабо контролирана хипертензија, кај пациенти кои претходниот месец имале миокарден инфаркт или мозочен удар, кај пациенти со нестабилна ангина пекторис и кај пациенти кои се со ризик од развој на длабока венска тромбоза (пр. пациенти со историја на венозни тромбоемболиски заболувања).

Најчест несакан ефект кој се јавува е главоболка. Ретко може да се јават кожни реакции како што се раш, пруритус, уртикарија или реакција на местото на инјектирање, а во многу ретки случаи забележани се грипозни симптоми како што се треска, студенило, главоболка, болки во екстремитетите и болки во коските.

За да го погледнете вкупниот збирен извештај за особините на лекот кликнете тука.

Контактирајте го Одделот за медицински информации 

на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500, факс 02/3103-524 или преку e-mail адреса  macedonia.medinfo@roche.com.