Превенција на анемија кај прематурни новороденчиња

Превенција на анемија кај прематурни новороденчиња 

Recormon® е индициран за превенција на анемија кај прематурни новороденчиња со родилна телесна тежина од 750 g до 1500 g и гестациска возраст помала од 34 недели.

Дозирање и начин на употреба

Растворот се администрира субкутано, во доза од 3 x 250 IE/kg/t.t. неделно. Третманот со Recormon треба да започне колку што е можно порано, а најдобро 3-от ден од животот. Кај прематурните новороденчиња кај кои е веќе применета трансфузија на крв пред третманот со Recormon, не треба да се очекува толкава корист како кај новороденчињата кои не примале трансфузија.

Третманот со Recormon кај овие пациенти треба да трае 6 недели.

Recormon® e контраиндициран кај пациенти кои се преосетливи на активната супстанција, или било која друга составна компонента на лекот и кај пациенти со слабо контролирана хипертензија.

Ретко може да се јават кожни реакции како што се раш, пруритус, уртикарија или реакција на местото на инјектирање, а во многу ретки случаи забележани се грипозни симптоми како што се треска, студенило, главоболка, болки во екстремитетите и болки во коските.

За да го погледнете вкупниот збирен извештај за особините на лекот кликнете тука.

Контактирајте го Одделот за медицински информации 

на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500, факс 02/3103-524 или преку e-mail адреса  macedonia.medinfo@roche.com.