Цврсти Неоплазми

Kaposi’s сарком кај пациенти со СИДА 

Хируршки ресектиран малигнен меланом 

Метастатски малигнен меланом 

Напреднат карцином на бубрежни клетки 

Kaposi’s сарком кај пациенти со СИДА

Почетна доза: 3 MIU дневно, со постепено зголемување до 18 MIU, а ако е можно и до 36 MIU, во тек на 10-12 недели кај пациенти на возраст од 18 години или постари.

Препорачаната шема на дозирање е:

Ден 1-3: 3 MIU дневно

Ден 4-6: 9 MIU дневно

Ден 7-9: 18 MIU дневно, ако добро се поднесува се зголемува до:

Ден 10-84: 36 MIU дневно

Доза на одржување: максималната поднослива доза, но не повеќе од 36 MIU, три пати неделно.

Времетраење на третманот: еволуцијата на лезиите треба да се документира за да се одреди одговорот на терапијата. Пациентите треба да се третираат минимум 10 недели, а препорачливо е најмалку 12 недели, пред лекарот да реши дали и колку ќе ја продолжи терапијата во случaите каде е постигнат тераписки одовор, или ќе го прекине лекувањето кај пациентите кај кои не е постигнат тераписки одговор. Обично, терапискиот одговор кај пациентите се јавува по приближно 3 месеци терапија.

Хируршки ресектиран малигнен меланом

Адјувантиот третман со ниски дози на Roferon-A го продолжува интервалот без знаци на болест кај пациентите кај кои нема нодални или далечни метастази по ресекцијата на меланомот.

Препорачан режим на дозирање: 3 MIU три пати пати неделно во тек на 18 месеци, почнувајќи неподоцна од шестата недела по извршената хируршка ресекција. 

Метастатски малигнен меланом

Препорачан режим на дозирање: 18 MIU три пати неделно, или максимално прифатливата доза за пациентот во тек на најмалку 12 недели.

Препорачливо е пациентите да бидат третирани најмалку 12 недели, пред лекарот да реши дали ќе ја продолжи терапијата во случаите каде е постигнат тераписки одговор, или ќе го прекине лекувањето кај пациентите кај кои не е постигнат тераписки одговор. Пациентите биле третирани во тек на 24 последователни месеци.

Напреднат карцином на бубрежни клетки

Roferon-A монотерапија

Почетна доза: 3 MIU дневно, со постепено зголемување до 18 MIU дневно, а ако е можно и до 36 MIU, во тек на вкупно 8-12 недели.

Препорачаната шема на зголемување на дозата е:

Ден 1-3: 3 MIU дневно

Ден 4-6: 9 MIU дневно

Ден 7-9: 18 MIU дневно, ако добро се поднесува се зголемува до:

Ден 10-84: 36 MIU дневно

Доза на одржување: максималната поднослива доза за пациентот, но не повеќе од 36 MIU три пати неделно.

Времетраење на третман: Пациентите треба да се третираат минимум 8 недели, а препорачливо е најмалку 12 недели, пред лекарот да реши дали ќе ја продолжи терапијата во случите каде е постигнат тераписки одговор, или ќе го прекине лекувањето кај пациентите кај кои не е постигнат тераписки одговор.

Roferon-A со Avastin (bevacizumab)

Препорачана доза: 9 MIU s.c. три пати неделно се до прогресија на болеста или во тек на 12 месеци.

Терапијата со Roferon-A може да се започне со пониска доза (3 или 6 MIU) со тоа што препорачаната доза од 9 MIU треба сепак да се постигне во тек на првите две недели од третманот. Доколку дозирањето на Roferon-A во доза од 9 MIU три пати неделно не се поднесува, дозата се намалува на минимум од 3 MIU три пати неделно. Инјекциите со Roferon-A се даваат по завршувањето на инфузијата со Avastin.

За повеќе информации во врска со комбинираната употреба со Avastin, обратете се на информациите и упатствата кои се однесуваат на Avastin.

За да го погледнете вкупниот збирен извештај за особините на лекот кликнете тука.

Контактирајте го Одделот за медицински информации 

на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500, факс 02/3103-524 или преку e-mail адреса  macedonia.medinfo@roche.com.