Tретман на инфлуенца кај возрасни и деца на возраст од 6 месеци и постари

Третманот треба да се започне што е можно побрзо во текот на првиот или вториот ден од почетокот на симптомите на инфлуенца.

Возрасни и адолесценти

За возрасни пациенти и адолесценти на возраст од 13 години или постари, препорачана перорална доза е 75 mg oseltamivir два пати на ден, во период од пет дена. За возрасни пациенти и адолесценти на возраст од 13 години или постари, кои не се во состојба да голтаат капсули можат да примаат доза од 75 mg Tamiflu суспензија b.i.d., во период од пет дена. 

Деца

Деца со телесна тежина над 40 kg, кои се во состојба да голтаат капсули, можат да бидат третирани со капсула од 75 mg два пати на ден или една капсула од 30 mg плус една капсула од 45 mg два пати на ден како алтернатива на препорачаната доза на Tamiflu суспензија.

Препорачана перорална доза на Tamiflu за деца на возраст од една година или постари е:

телесна тежина препорачана доза за 5 дена
≤ 15 kg  30 mg два пати на ден
>15 до 23 kg  45 mg два пати на ден
> 23 до 40 kg  60 mg два пати на ден
> 40 kg 75 mg два пати на ден

Препорачани перорални дози на Tamiflu кај деца на возраст од 6-12 месеци. Врз основа на во моментот расположиви податоци за PK, се докажува декa дозата од 3 mg/kg два пати на ден кај деца на возраст од 6-12 месеци, овозможува изложеност на активниот метаболит во плазмата кај најголем дел од пациентите слична на онаа која се покажала како клинички ефикасна кај постари деца и возрасни.
 

За дa го погледнете Збирниот извештај за особините на лекот кликнете тука.

Контактирајте го Одделот за медицински информации 

на РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје доколку имате потреба од медицински информации на телефонскиот број 02/3103-500 или преку e-mail адреса  [email protected].